Дали пиете вода наутро, после будењето? Медицинските експерти од Јапонија одамна ја признаа оваа терапија како успешна во лекувањето на хронични, тешки заболувања, но и како делотворна кај некои болести на модерното време.
Ова е всушност познат стар јапонски метод кој уште одамна се користел како превенција и како лек за третирање на многу болести. Нема сомнеж дека водата е еден од најкорисните напитоци за целокупното здравје, без кој не може да се замисли животот.
Познат е и фактот дека две третини од човековото тело е изградено од вода и дека оваа состојка е од витално значење за опстанокот на човештвото и на секое друго живо суштество на планетава.
Едноставната навика која вклучува пиење вода наутро на празен желудник, може да ни помогне да го подобриме здравјето на повеќе новоа. Сè што треба да направите е да испиете чаша вода во моментот кога ќе се разбудите. Ова е важно да го направите пред било што друго да консумирате.
Ако мислите дека тоа е тривијално и дека нема ништо да постигнете, не сте во право. Ова всушност е познатата јапонска терапија со вода која се покажала како исклучително ефикасна во превенцијата и лекувањето на различни здравствени состојби.
Овој едноставен и многу ефикасен трик може да му помогне на вашето тело да остане здраво. Вие ќе мора ова да го „обликувате“ во еден вид навика и да уживате во неговите благодети, како и во спречување на следните болести и здравствени состојби:
Тоа се: елиминација на лошиот холестерол, намалување на болките, колитис, мигрена, болка во градите, висок притисок и др. Следете ја следната постапка:
Наутро штом ќе се разбудите испијте 650 мл вода (тоа е нешто помалку од 4 чаши). Не консумирајте вода од чешма, освен ако нема филтер за прочистување. Многу е подобра дестилираната вода.
Ако консумирате дестилирана вода, се препорачува да додадете некои минерали како што е сода бикарбоната на пример (еден прстофат до една кафена лажичка). Не се форсирајте доколку не можете одеднаш да ја испиете целата таа количина, но не смеете ниту да ја зголемувате.
Секако доколку сте од оние што пијат многу малку вода во текот на денот, или ја немаат навиката за пиење вода на гладно, оваа постапка на почеткот би им била малку потешка. Атоа водата пијте ја неколку наврати или пијте само онолку колку што можете.
Подоцна како ќе започнете да се навикнувате на оваа количина, организмот ќе се навикне и ќе ви стане секојдневна рутина. Но, како што претходно напоменавме, не смеете да се форсирате и не смеете да ја преминувате оваа количина, бидејќи може да биде контрапродуктивно.
45 минути откако ќе ја испиете водата, започнете ги дневните обврски, односно, можете да започнете со појадокот. Во периодот на тие 45 минути не треба ништо да консумирате за да ги почувствувате благодетите од оваа јапонска терапија.
Пијте најмалку по една чаша вода пред секој главен оброк и не пијте ништо друго после два часа по оброкот. На тој начин драстично ќе подобрите вашето здравје. Третманот е доволно да се применува во текот на десет дена за ублажување на запек и проблеми со желудникот.
За да го намалите високиот кр-вен притисок, потребно е јапонската терапија да ја применувате во следните 30 дена, секојдневно без прекини, а период од еден месец се спроведува и за третирање на дијабетес. За туберколоза се потребни 90 дена терапија, а за артритис и прочистување од урични кристали од три дена до три седмици.
Прочитајте ја и следната статија: МЕДЕНА ВОДА – Изутрина испијте чаша топла вода со лажичка мед: Комбинација која ќе го препороди организмот
Веројатно веќе ви е познато дека медената вода е повеќекратно полезна за здравјето на организмот. Пчелиниот мед го препорачуваат многу нутриционисти, бидејќи содржи уникатни комбинации и комплекси од витамини, минерали и ензими.
Но, доколку се користи во облик на топол напиток, односно растворен во топла вода, тој може да направи чудо. Медената вода веќе долго време се користи за разубавување, но и како превентива и лек за разни состојби во организмот.
Мед и чаша топла вода помага при слабеење. Шеќерот што се наоѓа во медот е природен и здрав извор на калории. Покрај тоа, оваа комбинација ќе ја намали желбата за слатки.
Мед и чаша топла вода го подобрува варењето на храната. Медот и водата можат да го регулираат функционирањето на дигестивниот систем. Антисептичките својства на медот можат да имаат корисен ефект врз варењето на храната, а комбинацијата со вода ја прави столицата помека.
Мед и чаша топла вода е добар лек за имунитет. Медот има неверојатна способност да ги неутрализира бактериите. Исто така, тој е одличен антиоксиданс, кој помага во борбата против слободните радикали.
Ја зголемува енергијата. Комбинацијата на мед и топла вода може да го разбуди организмот подобро од шолја кафе.
Го смирува болното грло и ја олеснува кашлицата. Според препораката на познатата клиника Мајо, топлата вода и медот можат да ја намалат болката во грлото и да ја смират кашлицата.
Одлична комбинација за детоксикација на телото. Медот и водата ќе му помогнат на вашето тело да се ослободи од отро-вите. Оваа комбинација ја помага дигестијата, а доброто варење на храната е предуслов и за добра детоксикација на телото.
Можете да добиете уште подобри резултати со додавање на лимон во водата со мед. Киселината во лимонот има позитивен ефект врз функциите на ензимите и ја стимулира функцијата на црниот дроб.