Сите јадеме пиперки во павлака, но уште поубави се во сенф…Ова е дефинитивно највкусната зимска салата што постои…Пиперката е незаменлив зеленчук во секоја зимница.

Пиперките во сенф можете да ги послужите како салата со малку месо и ништо друго не ви треба. Всушност, можеби само парче топол домашен леб. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 кг меснати црвени пиперки, исчистени од семе
500 мл вода
1.5 лажица сол
1.5 лажица шеќер
1 лажица црн пипер во зрно
3 ловорови листови
150 мл бел оцет 9%
300 г сенф
200 мл масло

ПОСТАПКА:

1.Пиперките исечете ги на коцкички. Во тенџере сипете вода, шеќер, сол, црн шипер, ловор и оцет, па оставете да зоврие. Додајте ги пиперките, ставете подотворен капак и оставете да се готви на умерена температура (на 4-5).

2.Гответе 45 минути со повремено промешување. Пиперките треба да бидат меки. Процедете и отстранете ги ловоровите листови. Додека се цедат пиперките, во посебен сад измешајте ги сенфот и маслото.

3.Во исцедените пиперки сипете го сенфот и промешајте. Салатата складирајте ја во тегли и цврсто затворете ги теглите. Пастеризирајте ги во рерна загрена на 90 степени, 90 минути. Оставете ги теглите до следниот ден да се оладат во рерната.

На овој начин салатата има долг рок на траење. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/i2HIsl3nP2o?si=LPoJOPBOYV5JSGNG