Постојат многу причини кои можат да влијаат врз крвната слика, а некои од нив се нездравата исхрана со слаба консумација на овошје и зеленчук.

Нема потреба да земате вештачки суплементи за кои е докажано дека се бескорисни, а некои од нив дури и штетни. Ниеден синтетички суплемент не може да се спореди со природните состојки. Само со здрави намирници можете значително да ја подобрите крвната слика и да го зголемите бројот на еритроцити во крвта.

За анемични лица, се препорачува во исхраната да вклучат што повеќе намирници богати со железо. Од зеленчукот треба да се јаде грав, грашок, житарки, спанаќ, а од месо: црн дроб, риба, туна… Еве еден одличен рецепт за сируп кој може многу да ви помогне.

Сируп за подобрување на крвната слика

Потребни состојки:

1 кг цвекло
1 кг моркови
1 кг јаболка
4 лимони
250 г мед

Постапка:

Зеленчукот и овошјето убаво измијте го под млаз ладна вода, излупете го и изрендајте го: цвеклото, морковите и јаболката, па додадете исечкан лимон со кора (претходно отстојан во вода со сода бикарбона). Промешајте ги состојките со медот, убаво да се соединат. Вака приготвената смеса оставете ја покриена со газа да отстои 24 часа.

Следниот ден процедете ја убаво смесата и истискајте го сокот преку газа за да се извлечат што повеќе од состојките. Сокот складирајте го во шише и чувајте го во фрижидер. Она што ќе остане од пулпата на состојките, можете да го сварите како џем или да го изедете.

Употреба: Пијте по една ракиена чашка од овој сируп секое утро.

Цвеклото е многу важна состојка во овој рецепт бидејќи е полна со минерали и витамини, вклучувајќи го и исклучително реткиот Б12. Содржи висок процент на железо, што е важно за анемичните луѓе.

Морковот е исто така меѓу најздравите зеленчуци поради неговото антиоксидативно дејство, а исто така има корисен ефект врз кожата и видот.

Јаболкото е можеби најраспространето овошје во светот. Нема голема енергетска вредност, затоа е погодно за диета, но изобилува со минерали, витамини и други корисни состојки.

Лимонот е полн со витамин Ц, а исто така го забрзува распаѓањето на мастите, го зајакнува имунитетот. Медот е високо хранлива намирница што лесно се вари, бидејќи ги содржи сите потребни ензими за нејзино разложување.