Од здравјето и капацитетот на белите дробови зависи целокупното здравје на организмот, бидејќи преку нив телото се снабдува со многу потребниот кислород. Белите дробови на пyшачите се оптоварени со наслаги од катpан, а природните лекови можат да помогнат во нивното чистење.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г млади борови иглички, 1 см корен од свеж ѓумбир, 2 лимони, 200 г мед. ПОСТАПКА: Боровите иглички најдобро е сами да ги берете, што подалеку од градот, на место каде што нема сообраќај и cмог. Измијте ги добро со млака вода.




Излупете го ѓумбирот и изрендајте го, а по желба може да ја зголемите оваа количина. Во литар топла вода ставете ги боровите иглички и ѓумбирот. Штом ќе зоврие, намалете ја на најниската можна температура и полека варете околу два часа. Процедете и почекајте сирупот да се излади, па додајте го сокот од два лимона и медот.




Промешајте го сирупот за целосно да се раствори медот. Складирајте во стаклено шише и земајте по една лажица пред јадење, три пати на ден. Ако во моментот не можете да набавите борови иглички, тогаш имаме еден многу ефикасен рецепт кој се приготвува со состојки кои сигурно ги имате во кујната:




Со овој сируп се исфрла ceкpетот и катpaнот. Добро е да се приготви и во текот на зимата и пролетта кога имате виpycна инфекција со кашлица и затнат нос. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кромид, 500 г кафеав шеќер, 1,5 литар вода, 2 лимони – сок, 7 супени лажици мед. ПОСТАПКА: Шеќерот ставете го на умерен оган за да се стопи и карамелизира. Мешајте повремено и внимавајте да не ви загори.




Кога ќе добиете светол карамел, додајте го излупениот и ситно исечкан кромид, па мешајте со дрвена лажица за да ги испушти соковите. После една минута, внимателно додајте вода, промешајте и оставете да врие на умерен оган додека да испари една третина од течноста.




Процедете низ газа, па додајте го сокот од двата лимони, па додајте и мед. Убаво промешајте за да се изедначи, а медот да се растопи. Складирајте во чисто и стерилизирано стаклено шише и чувајте во фрижидер.




За чиcтење на белите дробови се пие по 1 супена лажица пред јадење на празен стомак. Се пие додека да се потроши целиот сируп. Следната д оза може да се приготви за околу 3 месеци. Бидете здрави!