Сируп против упорна кашлица…Проверен рецепт со камилица и ловоров лист…Еве што ви е потребно според рецептот на Верица Николиќ:

Потребни состојки:

200 г шеќер
300 мл вода
1 лажица сув цвет од камилица
1 лажица бел слез
6 ловорови листови
7 прстофати сува жалфија

Постапка:

Во суво тенџере ставете го шеќерот, па на тивок оган оставете го да се растопи и да се карамелизира. Кога ќе добие убава карамелова боја додајте ја водата и оставете на оган додека целосно да се растопи карамелот.

Кога шеќерот целосно ќе се растопи, додајте ја камилицата, белиот слез, ловоровиот лист и жалфијата. Варете три минути. Тргнете од оган, поклопете и оставете да излади.

Потоа процедете, а сирупот складирајте го во стаклени шишенца. Се чува во фрижидер.

Употреба:

За возрасни: 3х1 супена лажица (небитно пред или после јадење),

За деца: 3х1 мала лажичка.

Напомена: пред употреба на препарати од народната медицина секој треба да се советува со својот лекар.

Фото и рецепт: Верица Николиќ

Фото и рецепт: Верица Николиќ