Сирупот од роза е кралски пијалак создаден за топлите денови. Сокот од роза е идеален за топлите летни денови. Розата се издвојува со својата убавина и мирис во бројни букети и речиси секогаш е избрана за посебни прилики кога сакаме да ја истакнеме свеченоста и важноста на моментот со цвеќе.
Но, м агичната кралица на цвеќето има и лековити својства затоа што нејзините кадифени ливчиња изобилуваат со витамини А, Ц и Е, флавоноиди и други био-активни соединенија.
Во народната медицина се истакнува како лек за црниот дроб и цревата, а во козметичката индустрија одамна е препознаен нејзиниот поволен ефект врз виталноста на кожата.
Постапка: Наполнете 3/4 петлитарска тегла со ливчиња од роза. Додајте 1 лажица лимонтус или исцедете сок од еден лимон, а потоа наполнете со вода до врвот. Затворете ја теглата со чинија, не со капак. Оставете да отстои 10 дена на сонце.
По изминатото време додајте шеќер околу 4 кг и оставете да отстои додека шеќерот да се растопи со повремено мешање и се добие густа смеса слична на сируп. Складирајте го сирупот во шишиња.
Се пие со растворање по желба. СОВЕТ: Користете само домашни рози, односно оние за кои сте сигурни дека не се прскани со пестициди.
Коментар на Ана: „Сокот од роза ме потсетува на мајка ми, никогаш не го правам по некоја одредена мерка и секогаш излегува одличен. Сè што е потребно се здрави листови од роза, лимонтус или лимонов сок и шеќер.
Може да се стави и мед доколку не користите шеќер, мојот избор е секогаш шеќер бидејќи сакам да го правам по стариот оригинален рецепт.”
Секое утро пијте го ова за да ја подготвите кожата за лето, па колку – толку да го намалите целулитот – резултати има!
Ако не сте биле многу активни оваа зима, туку поголемиот дел од денот сте го минувале седејќи, тоа значи дека сигурно ви се создал целулит или уште полошо – тој се зголемил и проширил. А тоа значи, долготрајна бор.ба за да се ослободите од него.
Веднаш ќе ви кажеме дека аг.ресивните масажи кои ги прават во повеќето козметички салони и од кои се создаваат мод.ринки не се добри! Масажите не треба да б олат и не смеат да предизвикуваат пр.скање на површинските капилари.
Антицелулитната масажа е специфична, со поттикнување на лимфата и загревање на поткожното ткиво за зголемување на микроциркулацијата заради исхранување на ткивото, а никако пов.реди на кр-вните садови и подливи. Ваквите масажи се спроведуваат од добро обучени лица со искуство.
Освен лимфна дренажа и антицелулитна масажа, потребно е да пиете доста чаеви од билки кои ги исфрлаат вишокот соли од телото, да пиете многу течности и да правите соодветни вежби со кои ќе го олесните процесот на „раз.бивање“ на целулитот.
Потребни состојки: 1 јаболкова киселина – домашна, 1 чаша вода, 1 лажиче мед колку за подобрување на вкусот по желба.
НАДВОРЕШНО МАЧКАЊЕ: Измешајте четвртина шолја лосион за тело со лажица јаболкова киселина. Натопете пешкир со ладна вода, исцедете го добро, потоа ставете го неколку минути на зафатениот дел со целулит.
Потоа протријте се и тргнете го пешкирот, па со памук натопен во мешавината добро протријте се и завиткајте се во проѕирна фолија за да предизвикате загревање и отворање на порите. За побрзи резултати, овој третман правете го најмалку трипати седмично. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска