Фото и рецепт: Зорица Стајиќ

Овој домашен сок т.е сируп е многу вкусен и без никакви вештачки додатоци, бои, засилувачи на вкус и конзерванси.

Потребни состојки:

1 кг портокали
500 г моркови
1 кг шеќер
3 лимонтуси
околу 1,5 литар вода

Постапка:

Во врела вода ставете малку сода бикарбона, па ставете ги портокалите и лимоните. Оставете ги да отстојат околу еден час за да селиминира нечистотијата од нивната кора. Потоа исплакнете ги убаво со ладна вода.

Половина од портокалите излупете ги од кората, а половина оставете ги цели. Истото направете го и со лимонот. Сега целото овошје сомелете го во машина за мелење месо или во блендер.

Во сомеленото овошје ставете половина од водата, додадете еден лимонтус, промешајте и оставете да отстои неколку часови.

Потоа добро процедете го овошјето, најдобро низ газа.

Во остатокот од водата додадете шеќер и ставете на оган да зоврие. Тргнете го садот од оган и додадете го исцедениот сок и уште 2 лимонтуси. На овој начин, дури и водата да е многу врела се уништува едвај 20% од целокупниот витамин Ц. А откако ќе се тргне садот од оган и водата достигне 50-60 степени, тогаш нема никаков опасност по витаминот Ц.

Добро промешајте да се изедначи, па складирајте во добро измиени шишиња. Сокот во текот на летните денови се чува во фрижидер, а зимно време може и на тераса или на било кое ладно место.

Употреба: При послужување од сирупот се става 1/3 во чашата и де дополнува со обична или газирана вода.

Фото и рецепт: Зорица Стајиќ