Ако ви се допадна рецептот, споделете го со своите пријатели, а доколку имате некој свој, сличен рецепт, споделете го со читателите на НМД.мк

Потребни состојки:

5 полни раце мајчина душичка (може и повеќе)
2,5 литри вода
1,5 кг интегрален шеќер (или мед по вкус)
3-4 лимети или лимони
1 лажица лимонска киселина

Постапка:

Наберете ја мајчината душичка кога е расцветана, на сончево време. Растресете ја врз чист чаршав или работна површина за да ја исчистите од евентуални бубачки, но немојте да ја миете.

Прелијте ја со ладна вода и оставете така да стои 24-48 часа. Потоа добро процедете ја течноста низ газа, а билката добро исцедете ја.

Течноста прелијте ја во тенџерете и додадете го шеќерот. Потоа загрејте до вриење и варете 5 минути.

Додадете сок од исцедени лимети, а доколку немате лимети (зелени лимони), тогаш исцедете обични лимони. Но, тие имаат своја посебна арома која одлично си одговара со мајчината душичка, па добро би било да се потрудите и да најдете лимети.

Во меѓувреме пригответе чисти и стерилизирани стаклени шишиња во кои ќе го складирате сирупот. Најдобро е претходно да се загреат во рерна на приближно 75 степени.

Складирајте го сирупот во топли шишиња и веднаш затворајте ги. Од оваа количина се добиваат 3 литри сируп на разредување.

Кога го користите, овој сируп разредете го со вода во однос по желба. Може да го пиете кога сте нервозни или под стрес, но во него можете да уживате било кога. Додадете коцка мраз и парче лимета, па освежете се во врелите летни денови. По желба во овој сируп можете да додадете и нане.