ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

120 врвови од коприва

6 литри вода

2 поголеми лимони, излупени и исечкани на коцки

4 кг шеќер

120 г лимонска киселина

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Копривата и лимоните се ставаат во водата, да отстојат 24 часа, па потоа се прецедува. Се додава шеќерот и се меша на тивок оган додека да се растопи. Кога ќе се излади, се додава лимонската киселина, и повторно се промешува.

Сирупот се префрла во стаклени шишиња и е спремен за пиење.