Немате многу време, но сакате да се ослободите од неколку вишок колиграми? За да го направите во најкус можен рок, пробајте ја диетата со сирова храна, креирана од експертот Сири Дата.

сирова исхрана

Во текот на оваа диета се јаде само сирово овошје, зеленчук, семки и јаткасти плодови.. не се бројат калории, нема готвење, а резултатите се одлични!

ПРИМЕР МЕНИ ЗА ОВАА ДИЕТА

Појадок

Совршено време за појадок е помеѓу 7 и 9 часот.

Започнете го денот со две чаши вода и малку исцеден лимон за да го исперете внатрешно организмот. Пијте полека за да помогнете во апсорпцијата на хранливите материи. За појадок направете си вкусна комбинација цеден сок од овошје и зеленчук по ваш вкус.

Ручек

Совршено време за ручек е помеѓу 12 и 14 часот.

Ова би требало да биде најобилен оброк во текот на денот со многу зелен зеленчук, салата, ркулци и зеленчук.

Вечера

Совршено време за вечера е помеѓу 18 и 20 часот.

Златното правило гласи – никогаш да не јадете после 20 часот. Што и да изедете после тоа време, останува во вашиот организам, ферментира и се претвора во масти, со што се поттикнува дебелењето. Обидете се за овој оброк да вклучите семки, салати и јаткасти плодови.

Од ова не може поедноставно!

Јадете само сирово овошје, зеленчук, семки, јаткасти плодови, здрави масла и мед. Пијте само вода, свежи сокови и смутиња, како и најмалку два литри обична вода во текот на денот.

Оваа диета можете да ја држите по желба: 3, 7 или 10 дена.

-Диета од 3 дена: се намалува подуеноста на стомакот, добивате екстра енергија и ќе изгубите до 3 килограми.

-Диета од 7 дена: Ќе добиете полесно тело, побистар ум и уште повеќе енергија. Ќе изгубите до 5 килограми.

-Диета од 10 дена: ќе забележите огромна промена на кожата, ќе изгледате многу помладо и посвежо. Ќе изгубите до 7 килограми!