Ова е еден многу вкусен, старински колач кој порано го подготвуваа нашите баби. Главните состојки, кои се и единствените состојки на овој колач се чајните колачи, омилените на нашите баби, малку какао и млеко. Овој колач се пренесува на секоја генерација и е омилен на дечињата. Одозгора се прелива со чоколадна глазура која дава сочна текстура.
Колачот е малку изменет од старинскиот, оригинален рецепт кој одозгора се преливал со млеко, какао и шеќер. Наместо со чоколадо, може да го премачкате и со тенок слој нутела или некој друг чоколаден крем, а наместо чајни колачи може да користите обични бели бисквити или плазма. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 350 г овесни чајни колачи (може и бисквити), 2 големи лажици какао, 1 голема лажица прашок за печиво, 350 мл млеко. За глазура: растопено чоколадо или Нутела. По потреба соодветно зголемете ги количините на состојките, за поголем колач.
ПОСТАПКА: Во блендер сомелете ги бисквитите/колачите на најситно, без да останат остатоци од нив. Тоа можете да го направите на двапати доколку не ви ги собира сите бисквити/колачи во блендерот.
Во сомелената смеса се додаваат останатите суви состојки како какао и прашок за печиво. Убаво се меша со лажица, па потоа се прелива со млекото (отстоено на собна температура минимум 1 час) и со шпатула се соединува во еднолична смеса.
Смесата треба да има конзистентност како влажен песок, а како што ќе го додавате целото млеко ќе почне да станува еднолична, течна и мазна. Во коцкаст сад со димензии прелијте ја глазурата, а садот претходно обложете го со хартија за печење.
Kолачот се пече околу 20-25 минути на 180-200 степени додека убаво да потемни и да се испече однатре. За оваа количина на колач, идеално е да користите помал калап за печење или некој со средна големина.
По изминатото време од печењето, колачот се остава добро да се излади, а потоа се превртува на чинијата и се вади хартијата за печење. Врз колачот може да прелиете чоколадна глазура или да премачкате Нутела.
Колачот е навистина многу сочен, а овој рецепт е доста стар. Сега како што се враќаат старите колачи во мода, може да се сретне насекаде низ Интepнет, со мали измени. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.