СИРИСКИ ПОСНИ КОЛАЧИ СО УРМИ (На вода)…Стар монашки рецепт за вкусни чајни колачи кои даваат сила и енергија…Рецепт, текст и фотографии на Јованка Јевтиќ…

„Како што ветив, еве го мојот посен колач на вода. Сириски чајни колачи со урми. И секако, како и секогаш, зад ваквите рецепти има и некоја приказна…

посни СИРИСКИ колачи / Рецепт и фото на Јованка Јевтиќ

Дури и птиците на гранката ги знаат лековитите својства на урмите и зошто е добро да се консумираат 3 до 5 на ден. Урмите содржат природен шеќер, а во некои случаи дури и дијабетичарите може да ги јадат.

За потеклото на рецептот можете да прочитате подолу во текстот…А сега, еве што ви е потребно за да го приготвите овој монашки колач:

посни СИРИСКИ колачи / Рецепт и фото на Јованка Јевтиќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 банана
1 лажица мед
100 г шеќер
260 г брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
1 полна рака сечкани урми

ПОСТАПКА:

Најпрво да нагласам дека од оваа количина се прават 20 колачи и мислам дека се доволни, бидејќи се прилично заситни. Самата текстура на колачот потсетува на медените колачи, но не се како бисквит што се рони.

1.Во огноотпорен сад ставете една банана и изгмечете ја со виљушка. Во пасираната банана додајте една лажица мед и 100 грама шеќер.

посни СИРИСКИ колачи / Рецепт и фото на Јованка Јевтиќ

2.Сето тоа соединете го и гответе го на пареа со постојано мешање додека шеќерот и медот убаво да се растопат. Оставете ја смесата да се излади, но не премногу, треба да биде толку топла колку да не се изгорите кога ќе го ставите прстот во неа.

посни СИРИСКИ колачи / Рецепт и фото на Јованка Јевтиќ

3.Истурете ја смесата во подлабок сад и додајте половина од 260 грама просеано меко брашно. Додајте половина кесичка прашок за печиво и сè добро измешајте.

посни СИРИСКИ колачи / Рецепт и фото на Јованка Јевтиќ

4.Додајте една полна рака сечкани урми. Постепено додавајте ја преостанатата количина брашно. Тестото замесете го внимателно со рака. Ќе биде малку лепливо.

посни СИРИСКИ колачи / Рецепт и фото на Јованка Јевтиќ

По потреба додајте уште малку брашно колку да не ви лепи за раце. Но, подобро е да биде малку лепливо, отколку да додадете повеќе брашно и да биде тврдо, тогаш колачите нема да бидат со потребната текстура.

посни СИРИСКИ колачи / Рецепт и фото на Јованка Јевтиќ

5.Направете топчиња со големина на костени, наредете ги на хартија за печење и земете чаша со рамно дно и намачкајте ја со вода. Особено на дното. И со таа чаша, полека притиснете ја секоја топка по малку колку да сплосне.

посни СИРИСКИ колачи / Рецепт и фото на Јованка Јевтиќ

6.И секој пат мокрејте ја чашата. Одозгора ставете малку шеќер и ставете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20 до 25 минути. Не мора да ве потсетувам дека се хидроскопни…Колку подолго стојат, толку помеки стануваат.

посни СИРИСКИ колачи / Рецепт и фото на Јованка Јевтиќ

Барем така ми кажаа затоа што не успеаја да останат кај мене, ги изедовме до последното парче.

посни СИРИСКИ колачи / Рецепт и фото на Јованка Јевтиќ

И тоа е тоа. Многу убави колачи кои ги направив како еден вид почит на сите христијани кои останале во Сирија.

посни СИРИСКИ колачи / Рецепт и фото на Јованка Јевтиќ

За потеклото на колачот:

Веројатно на сите ви е познато дека порано Сирија била 100% христијанска и дури многу, многу подоцна мнозинството од населението станало муслиманско. Христијанската вера опстанала до денес, особено православната, која е најраспространета.

И самиот Св. Апостол Павле се крстел во Сирија и почнал да го проповеда христијанството во Дамаск. За време на империјата на Омајадите, многу христијани преминале во ислам.

Но, тоа не значи дека православната црква згаснала. Напротив, уште тогаш се бореле за своите права, па почнале да никнуваат цркви низ цела Сирија.

Сириската православна црква се нарекува Антиохиска православна црква и е рангирана на третото место по Константинопол и Александрија. Во Дамаск имало многу христијански цркви. Црковните служби се одржувале секоја недела.

Православните училишта имале право да не работат во сабота и недела, додека сириската држава ги признавала петок и сабота како неработни денови.

Сириските православци имале свои судови кои се занимавале со граѓански случаи како брак, развод и некои граѓански судски спорови.

Алеп е најголемиот град во Сирија и најголемиот христијански град. На почетокот на конфликтот, монаштвото преселило многу свети мошти во Грција и Александрија, за подоцна да ги врати.

Меѓу другите што дошле во Грција бил и еден монах кој бил и главен готвач на еден сириски манастир.

Со себе ги понесол посните колачи што ги подготвив денес. Тие се полни со енергија и можат да помогнат за време на долго и напорно патување. Идеални се за пост на вода. А рецептот го добив од една калуѓерка од Грција која била во истиот тој манастир…“

Рецепт, текст и фотографии на Јованка Јевтиќ.