​Сите суштества и предмети во просторот во кој се наоѓаме зрачат. Тоа зрачење, таа енергија која допира до нас може да биде позитивна или негативна. Негативното или патогено зрачење предизвикува пад на имунитетот и отвора пат до разни заболувања.

Постојат повеќе видови негативно зрачење:

-зрачење од подземни води (подземни водени текови)

-зрачење од руди и минерали, зрачење од геолошки пукнатини

-зрачење кое се јавува како последица од распаѓање на органски материи

-зрачење предизвикано од електрични апарати во нашето домаќинство

-високофрекфентни електромагнетни бранови од модерната технологија како што се мобилна телефонија, телевизија, радарски и воени системи и сл.​

Зрачење од подземни води​

Едно од најчестите и најштетните е зрачењето од подземни води, односно од подземни водени текови. Намерно е нагласено дека станува збор за подземни текови, а не само за подземни води, бидејќи овој облик на зрачење се поврзува со динамиката на протокот на подземните води, што значи дека водата во мирување (стоечка вода) не е извор на ова зрачење, но, во понатамошниот текст поради поедноставност ќе го користиме терминот „зрачење од подземни води“.

Во текот на течењето на водите доаѓа до јонизација на молекулите на водата а поради движењето на наелектризираните честички (јони) доаѓа до појава на електромагнетни зрачења.

На местата каде што доаѓа до вкрстување на тековите на подземните води со Хартманова и Керијева мрежа доаѓа до излив на енергија и силно вертикално зрачење. Местото на кое зрачењето избива на површината се нарекува епицентар на зрачењето. Зрачењето може да оди во висина до неколку километри така што луѓето кои живеат во висококатници не се заштитени.

Општа карактеристика на овие зрачења е тоа дека се нискофрекфентни зрачења кои делуваат врз човековиот организам и останатите живи суштества со тоа што вршат иритација на нормалната клеточна работа, т.е. предизвикувајќи промени на мембранискиот потенцијал (деполаризација или хиперполаризација), што доведува до сериозно пореметување на електромагнетните својства на крвта и повеќе, до пореметување на целокупната енергетска структура на биолошките системи.

Со оглед на тоа што секоја промена на осцилаторните информации се евидентира во човековиот организам и предизвикува реакција на вегетативниот нервен систем, јасно е дека овие зрачења претставуваат генератори за патолошки состојби и тегоби.

Негативното влијание од подземните води е познато уште многу одамна. Ова влијание е особено штетно за човековиот организам. За тоа говори и фактот дека манастирите и црквите секогаш се градат вон дометот на зрачењето од подземни води.

Никогаш не се започнувало со изградба пред да се провери влијанието од негативните подземни води. И денес во некои земји се води сметка да не се градат објекти на такви места.

Животните имаат истенчени сетила и непогрешиво го чувствуваат негативното енергетско влијание.

Ако по некоја случајност дома имате љубимец, обратете внимание на кои места најчесто престојува и долго се задржува, обично во лежечка положба, речиси е сигурно дека тие места се вон домет на влијанието од подземните води.

Со оглед на тоа што штетните зрачења не можеме свесно да ги воочиме, ниту директно да ги почувствуваме, истакнуваме некои од симптомите кои упатуваат на нивно постоење:​

СИМПТОМИ НА РАБОТНО МЕСТО​

-непријатно чувство

-тешко дишење

-нервоза

-брзо заморување

-главоболка

-пореметување на срцевиот ритам

-осцилации на крвниот притисок

Се зголемува потребата за кафе или цигари за да се одржи неопходниот ритам на работа, или се посегнува за таблети кои ја зголемуваат активноста и помагаат за одржување на концентрацијата.​

Лицето е склоно кон „бегање“ од работното место од необјасниви причини. Кај чувствителни лица со понежна конституција доаѓа до вртоглавица, понекогаш и до губиток на свеста, чести мачнини и повраќања. Од работното место, со нормален ритам на работа, човекот си оди целосно исцрпен и раздразлив.​

СИМПТОМИ ЗА ВРЕМЕ НА СПИЕЊЕ:

-тешко заспивање (иако лицето е уморно)

-лош сон, немирен, испрекинат, проследен со стенкање и тешко дишење

-лицето станува уморно после спиење, најчесто поуморно отколку кога си легнало;

-по станување чувствува вознемиреност

-отежната концентрација и сл.

-можна е појава на грчеви

-студенило на рацете и нозете, вкочанетост и отрпнатост

-можно е пореметување на срцевиот ритам

-ноќни осцилации на крвниот притисок.

Причините за ваквите состојби најчесто ги бараме во временските пригоди, во однесувањето ан партнерот, замор од работа…

Меѓутоа, научните и алтернативните истражувања укажуваат на штетното (патогено) зрачење врз човековото здравје. А колку сонот е важен за човекот можеме да сфатиме ако го знаеме фактот дека луѓето преспиваат приближно една третина од својот живот.​

БОЛЕСТИ предизвикани од негативното зрачење на подземните води:

Според она што досега е објавено и според официјалните изјави од научници и лекари кои се занимаваат со оваа област, ги набројуваат следните болести:​

-стерилност

-артритис

-туберколоза

-некои видови астма

-тегоби со грло

-лумбаго

-надворешни чиреви

-главоболка

-несоница

-отекување на нозете

-губиток на виталност

-хроничен замор

-физичка непријатност

-рак

-воспаление на слепо црево

-воспаление на црн дроб и органи за дигестија

-хронична кивавица

-пореметување на видот

-невротични заболувања

-заболувања на дишни патишта

-заболувања на жолчна кеса и бубрези

-проширени вени

-анемија

-срцеви заболувања

-тумори и други болести.​

Човекот е најосетлив таму каде што престојува и спие подолго од два часа ако е изложен на дејството од лошото зрачење​

Наш познат доктор по медицина, невропсихијатар, врвен радиолог и биоенергетичар, кој професионално се занимава со радиостезија и геодинамика – Никола Видев, додека работел во Битола, сакал се’ она што го пишува и говори за штетните зрачења и лично да го провери, па од тие причини започнал да ги посетува сите пациенти, и на крајот утврдил дека 80% од тие луѓе престојувале на места со силно зрачење од подземни води и дека поради тоа биле болни.​

Сите претходно набројани болести предизвикани од штетното зрачење не само што се потврдени од разни експерти, туку дадени се и прецизни податоци од кои може да се види за кој временски период – која болест се предизвикува и добива, искажана во години и месеци и колкав процент од поедини болести се предизвикуваат и добиваат дури и во децимали.​

За штетните зрачења од електрично потекло Видев тврди дека предизвикуваат:

-кочење во грбот, вратот и задниот дел од главата

-одредени видови на лумбаго

-болки во градниот кош

-упорни мигрени

-зуење во ушите

-необјасниви вртоглавици

-несоници

-хроничен замор и др.

Во висококатниците од штетното зрачење на подземните води први се на удар луѓето што живеат на највисоките катови.​

Д-р Здењак Рејдак, дипломиран филолог, филозоф и психолог со специјализација од физиологија, а исто така и претседател на „Друштво за психотронски истражувања“ извршил интересен експеримент.

Имено, во 547 лабораториски глувци била инјектирана супстанција која предизвикува тумори, а потоа 241 глувци биле ставени во неутрална зона, а остатокот во зона со силни зрачења од подземни води.

Сите 306 глувци од втората зона изумреле а од 241 –те од неутралната зона половината преживеале. Во светот биле направени разни експерименти со животни и резултатите речиси секогаш биле слични на овој.

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД ШТЕТНИТЕ ЗРАЧЕЊА???​

Можеби најдоброто решение е да стоите подалеку од изворите на штетните зрачења… Значи од електрични уреди, компјутери, мобилчни телефони, далекуводи…

За жал, во современиот свет и современиот начин на живеење речиси и да е невозможно тоа, бидејќи сите на некој начин сме поврзани за своите уреди. Но, можеме барем да се потрудиме што помалку да бидеме изложени на овие зрачења…​

Но како да се заштитиме од зрачењето на подземните води???

Без прецизни мерења ние не знаеме со сигурност каде се наоѓаат и колку се силни тие зрачења. Лоша информација е дека за жал таквите места ги има многу, дури и повеќе отколку што можеме да замислиме.

Особено се ризични зоните каде зрачењата односно подземните текови се јавуваат одвреме-навреме. Постојат голем број случаи каде при мерењата не било утврдено присуство на зрачење од подземни води, но по одреден период истото се појавило, а измереното зрачење било многу силно.

Како ова се објаснува?​

Подземните текови се слични со надземните. Замислете поток или мала река која во еден дел од годината има вода а во друг нема ни капка. Истото се случува и со подземните текови со тоа што кај овој вид ефектот е уште поизразен. Кога има вода има и зрачење и обратно.​

Значи постојат места кои повремено емитуваат штетни зрачења. Колку често и колку долго зависи од случај до случај. Доколку забележите дека во одреден период полошо спиете во однос на друг, периодично сте повеќе уморни или повеќе подложни на болести… постои голема веројатност дека сте изложени на зрачење од повремени подземни текови.

Во овие случаи мерењата може да дадат погрешни резултати. Се случува на едно место со години да има нулта зрачење и одеднаш да се појави многу силно зрачење. Правилото е дека нема правила…

ПРАШАЊЕ: како да се заштитиме од потенцијалните зрачења од подземни води?

Добрата вест е дека постојат потполно едноставни и природни решенија за заштита.​

Луѓето секојдневно со своето движење минуваат низ поле од штетни зрачења, но доколку не се задржуваат предолго на тие места тоа зрачење не остава поголеми последици врз организмот. Опасност се заканува доколку на тие места се задржуваме по неколку часа секојдневно. Најголемо внимание мора да обратиме на местото каде што спиеме…​

Сонот има многу важна улога а тоа е да го регенерира организмот. Доколку спиете во поле на силни зрачења од подземни води, сонот ќе биде контрапродуктивен и вашето тело ќе претрпи повеќе штета отколку корист.

Доколку забележите било кое од гореспоменатите симптоми, голема е веројатноста дека вашиот кревет се наоѓа во поле на зрачење од подземни води.

Кое е првото логичко решение кое се наметнува?​

Преместете го креветот во другиот крај од собата или уште подобро, преминете да спиете во друга соба… и тестирајте го сонот… голема е веројатноста дека ќе го избегнете зрачењето или барем да се одбегне неговиот најсилен дел. И овде имаме и добра и лоша вест.​

Лошата вест е дека зрачењето од подземните води се шири вертикално под агол од 45 степени. Со оглед на тоа што подземните текови може да се наоѓаат на длабочина од неколку десетици метри, истиот толкаво може да биде и полото на зрачење на површината од земјата.

Што значи тоа во превод?

Доколку подземната вода се наоѓа на пример 6 метри длабочина (што е најчест случај) вертикално од таа точка се наоѓа „епицентарот“. На површината од точката на епицентарот во сите правци во полурадиус од 3 метри се наоѓа зоната на зрачење.​

Добрата вест е дека одејќи кон периферијата на кругот интензитетот на зрачењето опаѓа така што на периферијата изнесува 0. Значи полето на штетното зрачење во овој случај изнесува 6 метри во дијаметар на површината на земјата. Ова поле во овој случај може лесно да се одбегне бидејќи радиусот на зрачењето е ралитивно мал.

Меѓутоа што се случува доколку водата се наоѓа на поголема длабочина или доколку нашиот стан се наоѓа на 10 или 20 метри над површината на земјата?

Радиусот на делувањето на зрачењето е значително поголем и може да биде и по неколку десетици метри… Најважно е да се избега од епицентарот но вас и натаму може да ве зафати добар дел од зрачењето…

Што да се прави во вакви случаи??

За среќа не е се’ така црно и постои решение и тоа сосем едноставно и природно решение.​

Ајде малку да се вратиме во минатото и тоа само еден век назад. Ајде да видиме на што тогаш луѓето спиеле?​

Луѓето со векови испробувале што е тоа што може да им понуди удобен сон. Пробувале разновидни варијанти но најдобро се одморале на кревет кој бил полнет со слама. Зошто?

Некој ќе рече поради удобност. Веројатно има доста вистина во тоа, но има уште една важна причина а тоа е својството на сламата да не ги пропушта штетните зрачења од подземните води.

Истражувањата покажуваат дека сламата претставува одлична заштита од зрачењата на подземните води. Исто така се откриени и сродни материјали како што се стебленцата од рогозината (трска) чија структура е слична на структурата од стебленцата на печницата (слама). Трската интензивно се користела за изградба на станбени објекти, вградување во ѕидови, тавани, различни предмети за домаќинство… како градежен и изолационен материјал.​

Значи, една од најстарите и најприродни методи за заштита е поставување на простирка од слама или трска под леглото за спиење. Простирката ги прекршува постоечките зраци од зрачењето околу местото каде спиете.

Во форма на подлога овие материјали ја разложуваат густината на магнетските бранови и повеќето постоечки бранови се разделуваат по надворешната контура на поставената простирка.​

Искуството вели дека можете во голема мера да се заштитите од зрачењето на подземните води со едноставно поставување на рогозина под креветот. Ова тврдење пред се’ за заснова на искуствата од луѓе кои овој метод го испробале.

Во преку 90% од случаите луѓето поубаво спијат, не се будат навечер, имаат мирен сон, немаат кошмари и што е најважно се будат одморни, полни со енергија и тоа со многу помалку часови спиење отколку порано. Искуствата од терен велат дека ефектите се видливи уште после првата ноќ а дека после неколку седмици и хроничниот замор може доста да се намали па дури и да исчезне. Штитејќи се себеси од штетните зрачења го намалувате ризикот од појава на разноразни болести кои за жал стануваат се почести и земаат секојдневно безброј животи.​

Со оглед на тоа што рогозините се 100% еколошки, т.е. се изработуваат од исклучиво природни материјали, штетните дејства за сега не се познати.

Рогозините може да се изработуваат по димензии кои одговараат на димензиите на вашиот кревет.

Петар П.

Овој текст е авторски и не смее да се превзема и реемитува без одобрение на редакцијата на НМД