„Иако би сакала синот мој засекогаш да остане мое слатко мало дете, знам дека Ти си го создал како маж на кој му е потребна почит…„

 

Господи, ти знаеш со која леснотија

На својот син му ја покажувам и изразувам љубовта.

Таква си ме создал; си ме создал за да љубам.

Иако знаеш колку малку знам за почитта.

Не ми е се’ јасно, но гледам дека мојот син

чезнее за мојата почит. Моето дете веќе е маж.

Искажувањето на чест и почит го поттикнува и зацврстува.

 

Иако би сакала тој засекогаш да биде мое слатко дете,

знам дека ти си го создал како маж

на кој му е потребна почит.

Без разлика колку ми е тешко,

сакам од себе да го ослободам тоа слатко момче

и да го препуштам на Твоето водство.

 

Ти најави дека синот ќе ги остави таткото и мајката

и ќе се спои со својата жена.

Ниеден син не треба да се држи за мајчината суќна,

туку со време да се осамостои.

Гледам дека на неговиот здрав развој и осамостојување

не придонесуваат само мојата љубов,

туку и почитта кон него.

Го прифаќам тоа како дел од Твојот план за неговиот живот.

Иако се надевам дека никогаш нема да ја занемарам оваа вистина,

помогни ми да истрајам во почитта кон својот син

во денешно време кога се’ се спротивставува на тоа.

 

Помогни ми да не паднам под влијание на оние

кои ме поттикнуваат на презир кон неговата жена.

Наместо тоа, Ти делувај врз мене.

Поучи ме што значи да се почитува сопственото дете

кое Ти ми го довери. Ми требаш Господи

за да знам што е најдобро за него.

Отвори ми ги очите за да видам

како најдобро да постапувам.

И нему и на мене сега ни е потребно охрабрување.

Жалам, за сите моменти

кога не го почитував него и неговата жена.

Ти благодарам што ти си Бог кој простува.

Те молам со својот живот,

вклучително и мојот однос со синот,

со љубење и славење на Твојот Син.

Во името на Исус Христос.

Амин.