-Ефектот е навистина изненадувачки: плунката, заедно со хранливите, корисни материи доспева во крвта, ги чисти крвните садови и лимфата.
Лукот е фантастична намирница со непроценливи корисни особини!
Овој одличен зеленчук поседува антибактериски својства, лекува многубројни болести, разни настинки, атеросклероза и болести на бубрезите, ги јакне капиларите и претставува добар адаптоген. Во кинеската медицина лукот се користи за целосно опоравување на организмот.
Имено, кинезите користат по едно мало чешне лукче, го ставаат во уста и го топат со својата плунка, исто како бонбона. Оваа процедура се спроведува наутро и трае 30 минути.
Ефектот е навистина изненадувачки – плунката, заедно со хранливите, корисни материи доспева во крвта, ги чисти крвните садови и лимфата. Исто така, лукот ја јакне усната шуплина и непцата, па во случај на крвавење истото престанува.
По завршување на утринската процедура, лукот се исплукува и се мијат забите. Ако и после миењето на забите се’ уште се чувствува мирис, земете неколку зрна кафе или свежи листови од магдонос и постепено грицкајте ги. Неколку голтки млеко целосно ќе го исперат мирисот од лук во устата.
Зошто се препорачува ставање на лук во устата?
-Ја чисти крвта
-го регулира апетитот
-штити од епидемија на грип и други респираторни болести
-неверојатно го зајакнува имунитетот
-корисно е при анемија
-лекува хроничен бронхитис
-помага при болести на бубрези и мочен меур
-ја чисти кожата
Ако ви претставува проблем да ставате цело чешне лук во уста, тогаш започнете со четвртинка или помало парче, па постепено зголемувајте ја количината.
Овој метод на лекување е одличен против кашлица и камен во бубрег.
Многумина го испробале овој метод и воодушевени се од резултатите, па доколку имате било кој од наведените проблеми, стиснете заби па пробајте и вие.