Во потpесното сведочење Станица рече дека пораснала со четири сестри и дека нејзината агониja всушност започнала уште пред да се породи, кога нејзиниот сопруг, со кого била мажена и подоцна разведена, и рекол дека ако планира да има женски деца, можела веднаш да ја напушти куќата.
На Станица Благојевиќ и го украле бебето за време на породувањето во Ваљево, а жената по 34 години успеала да ја најде ќерката Петра која денес живее во Австрија.
Таа гостуваше во утринската програма „Пинка“ и рече дека нејзината драма започнала по породувањето, кога на 4 април 1984 година родила здрава и вистинска ќерка, за која лекарите ѝ кажале дека бебето починало само неколку дена подоцна.
„Не можев да поверувам во таа лага. Ми рекоа дека детето е во замрзнувач и не можам да ја видам. Не ми дадоа ниту документ дека бебето починало“, ја започна својата шокантна исповед Станица.
Се посомневала кога на еден од отпусните листови напишале дека бебето починало на 12 април, а Станица се сеќава дека ја напуштила болницата на 9 април.
„Знаев дека ќерка ми е жива. Во овие 34 години никогаш не сум запалила свеќа за неа ниту на гробишта ниту во црква, иако ме убедуваа да го направам тоа. Решив да го посветам животот за да ја пронајдам и успеав. Не можете да верувате колку ми беше тешко“, низ солзи раскажува Станица.
Во шокантното сведочење Станица рече дека пораснала со четири сестри и дека нејзината агонија всушност започнала уште пред да се породи, кога нејзиниот сопруг, со кого била мажена и подоцна разведена, и рекол дека ако планира да има женски деца, можела веднаш да ја напушти куќата.
На Станица и биле потребни 34 години да ја пронајде својата украдена ќерка, за која во меѓувреме добила информација дека живее во Виена, каде потоа отишла да ја бара.
Таа вели дека кога првпат ја видела ќерка си која работи во австриска болница, видела солза како и потекла по лицето. Тоа за Станица значело дека Петра, нејзината ќерка сепак ја знае вистината, но од некои прчини бега од неа.
Таа додава дека побарала од вработените во болницата да и помогнат некако да и пријде на ќерката и да ја добие ДНК, но тие не дошле да ја пречекаат.
Измачена и уморна Станица тој ден отишла во станот во Виена каде што престојувала привремено, а потоа дошла следниот ден и откако не успеала да ја убеди ќерка си да и даде плунка за потребните анализи, станала очајна па скокнала на неа и и скубнала 5 влакна од косата.
„Бев толку вознемирена и не можев да верувам што направив, но морав. Секоја од нас побегнавме на своја страна, а јас со праменот коса в рака отидов во станот во Виена во кој престојував“, изјави Станица.
Набргу потоа жената направила ДНК анализа, и веднаш после тоа добила потврда дека 99,9 отсто е потврдено дека таа е мајката.
На ќерка ми неколку пати и го честитав роденденот, а тоа е на 4 април, ѝ пратив честитки и подароци, а минатата година побарав од пријателите во Виена да и достават 34 рози на домашна адреса“, рече Станица. Целото интервју погледнете го ОВДЕ.