ШТРУДЛИ 4 во 1…Со мак (семе од афион), ореви, јаболко, вишни…За секого по нешто…
Едно видео со 4 различни штрудли. За сите вкусови и генерации. Можете да ги комбинирате вашите вкусови или да направите по половина мерка. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Тесто:
600 мл топла вода
1 лажица шеќер
1 лажица сол
40 г свеж квасец или 12 г сув
1 кг меко брашно
70+20+20 мл масло за тесто + 70 мл за премачкување
Афион:
200 г мелено семе од афион (мак)
150 г шеќер
2 лажици гриз
3 лажици џем
300 мл млеко
Ореви:
200 г мелени ореви
100 г шеќер
5 лажици џем
100 мл млеко
Јаболка:
4 големи јаболка
100 г шеќер
2 лажици гриз
5 г цимет
10 г ванилин шеќер
Вишни:
400 г вишни
150 г шеќер
3 + 5 лажици гриз
ПОСТАПКА:
Прво ги правиме филовите. Во мало тенџере го истураме млекото и го ставаме на оган да биде врело, а може и да зоврие.
За тоа време во еден сад подгответе ги афионот, шеќерот, гризот и џемот и измешајте ги, а во друг сад оревите, џемот, шеќерот и гризот и исто така измешајте ги.
Во афионот истурете околу 250 мл млеко и измешајте, а во оревите 100 мл. Смесата треба да биде малку поретка од вообичаено, бидејќи ќе се згусне малку кога ќе отстои.
Вишните посипете ги со шеќер и оставете ги настрана. Јаболката изрендајте ги, додајте ги шеќерот, циметот, ванилиниот шеќер и гризот и сѐ измешајте.
Сомелете ги црешите и додајте 3 лажици гриз и оставете настрана да набубри. Вишните некогаш имаат многу сок некогаш не, подоцна ќе видиме колку гриз ни треба. Јас дотурив уште 5 лажици.
Ако не сакате да ги мелете вишните, за да не биде тенок филот, можете само да ги посипете со 3 лажици гриз и така измешајте и филувајте ја штрудлата.
Потоа го замесуваме тестото. Истурете 100 мл млака вода во садот, додајте шеќер и квасец и измешајте сè.
Потоа дотурете го остатокот од водата, 70 мл масло и истресете го целото брашно и посипете сол. Измешајте со лажица колку да се поврзат состојките. лепливото тесто полијте го со 20 мл масло, па домесете го за да го впие маслото.
Па повторно полијте го со 20 мл масло и уште малку домесете го, но овојпат оставете и малку масло да остане на тестото. Обликувајте топка и оставете да одмори 30 минути.
Тестото премесете го малку, па поделете го на 4 дела. Од секој дел формирајте топка, па премачкајте ја работната површина со масло, ставете ги топчињата тесто, па премачкајте ги со масло.
А, потоа сè покријте со кесичка и оставете да отстои 30 минути за да не се исуши.
Подгответе поголема кеса, или целофан, премачкајте ја работната површина со масло, а потоа на подмачканата површина ставете го првиот дел од тестото, со раце формирајте правоаголник.
Врз него ставете најлон и потоа повлечете го од средината на тестото со рацете до рабовите, истегнувајќи го. Направете го тоа додека не добиете една лента долга 70 см и широка колку вашиот плех.
Распоредете го филот врз целата површина одземено по 1-2 см од краевите (горе и долу) и 10-15 см од едниот крај.
Потоа внимателно свиткајте го ролатот. На почетокот започнете го виткањето, па страните префрлете ги по 1-2 см за да не истекува филот и потоа довршете го ролањето.
Префрлете го во плех обложен со хартија за печење. Направете го истото со сите делови од тестото.
Штрудлите премачкајте ги со смеса од жолчка и 1 лажица млеко, исбоцкајте ги со чепкалка и оставете ги да отстојат 30 минути.
Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени 55 до 60 минути или прилагодете го времето на печење според вашата рерна.
Изладете и послужете, можете да посипете и со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.