Најдобрата кремпита со вкус на ванила!

Потребни состојки:

500 г готови кори

За прв фил:

3 поголеми јајца
3 лажици шеќер
1 шолја (од 200 мл) масло
½ шолја пченичен гриз
1 шолја јогурт
1 прашок за печиво

За втор крем:

1 литар млеко
9 лажици шеќер
3 пудинг од ванила

Постапка:

Најпрво сварете го пудингот во млекото и оставете малку да излади (не сосем) со повремено мешање за да не создаде коричка.

Иматете белки со шеќер, додадете жолчки, масло, гриз, прашок за печиво и јогурт.

Пребројте колку кори имате и поделете ги на четири дела, така да добиеме четири штрудли.

Јас редев по 4 кори (во пакувањето имаше 16).

Редење на корите:

На првите три кори ставете по 3-4 лажици од првиот фил а на четвртата кора ставете топол пудинг и свиткајте во ролат.

Истото направете го и со останатите кори.

Штрудлите премачкајте ги со остатокот од филот или со малку масло и ставете во рерна да се печат. Јас ги испеков за помалку од 15 минути на 180 степени.

Почекајте да излади, па исечете и наросете со шеќер во прав.

Штрудлата е преубава кога е топла, а мене ми е уште поубава кога ќе излади бидејќи вкусот ме потсетува на кремпита.

Брзо се приготвува и може да дојде во предвид и пудинг од чоколадо или некој друг вкус, на пример карамел или некој вкус по ваша желба.