Home Рецепти ПАВЛОВА ТОРТА: снежно бела за сите љубители на целувки

ПАВЛОВА ТОРТА: снежно бела за сите љубители на целувки

Фото и рецепт: Елена Мишковска

Фото: Снежанка Жанче

За кората, основен рецепт:

5 белки
1 прстофат сол
200 г шеќер
1 лажица густин/нишесте/скроб
1 лажица алкохолна киселина или лимонов сок

Постапка:

Белките се матат пенасто со прстофат сол, се додава шеќерот кога ќе добиеме цврсто шне, се додава лимоновиот сок и нишестето, но сега се меша со шпатула или дрвена лажица.

За ова време рерната ја вклучуваме на 130 степени да биде веќе загреана кога ќе завршиме со матење.

<

На претходно обликувана хартија за печење (сечеме поголем круг), ги нанесуваме изматените белки и се оставаат нерамнини (да остане неизрамнето).

Ги ставаме во рерна на сушење 90 минути за кое време рерната не треба да се отвора.

По изминатото време ја отвораме рерната и оставаме да се излади кората внатре.

На добро изладената кора се нанесува кремот, без измазнување.

За крем:

5 жолчки
6 лажици шеќер во прав
500 мл слатка павлака за шлаг

Постапка:

5 жолчки изматени со 6 лажици шеќер во прав се матат на пареа додека да згуснат, околу 15 минути, па кога ќе изладат се соединуваат со претходно изматената слатка павлака.

Убаво се изедначува и нанесува врз кората.

Декорацијата со јагоди се прави непосредно пред послужување.

Фото и рецепт: Елена Мишковска (Павлова торта со јагоди)

Фото: Снежанка Жанче (Павлова снежна торта со пуслици)

За снежната торта дополнително се прават пуслици/целувки и рафаело топчиња, па се декорира одозгора.

Фото и рецепт: Елена Мишковска

Фото: Снежанка Жанче

Македонска кујна, некогаш и денес