Честото мокрење кое се случува подеднакво и кај мажи и кај жени може да биде олеснето и намалено ако секое утро го примените советот на д-р Мима Фазлагиќ.
Честото мокрење е проблем што погодува огромен број луѓе, но за тоа не се зборува доволно. Тоа дури може да биде симптом на к арцином и важно е сите промени кои се јавуваат кај оваа физиолошка потреба да се пријават кај докторот, објасни гинекологот д-р Мима Фазлагиќ.
Ако нема некој поголем здравствен проблем, но имате проблем со често мокрење, може да направите вежба што ќе ги зајакне мускулите на карлицата и ќе ви го олесни тоа.
„Рано наутро, кога мочниот меур е целосно исполнет и одиме во тоалет, направете ја оваа вежба. Обидете се волево да го запрете протокот на урина. Тоа е најдобриот начин да ги научите и зајакнете тие мускули, ќе видите дека е не е лесно да се направи ова, особено после пораѓање, но ако се вежба, тоа помага да се спречи појавување на овој проблем “, објасни д-р Фазлагиќ.
Дали има период кога често мокрење е нормално?
„До одреден степен, тоа секогаш се случува по породувањето и п ациентките знаат како да го протолкуваат: Ако нешто се подобрило за еден месец, или исчезнало, е нормално, но ако проблемот и натаму постои, мора да се извести лекарот и да се направи неопходен преглед, за да се преземат неоходните мерки,“ објасни таа.
Што предизвикува слабост на мочниот меур?
„Мускулите на карлицата, и кај мажи и кај жени од различни причини може да ослабат и да ја изгубат способноста за контракција. Кај мажите, тоа може да биде проблем со простатата, задебелување на ѕидот на мочниот меур, а кај жените навистина е таква анатомијата, што слабеењето на карличните мускули веднаш доведува до такви симптоми“, рече д-р Фазлагиќ.
Гинекологот за жени, и урологот за мажи, се адресата на која треба секој од нас да се упати, доколку забележиме проблем со мокрење, пишува НМД.мк
„Ова не е проблем што го скратува ж ивотот, но го униш-тува неговиот квалитет, понекогаш можеме да го поправиме со лесни вежби или суплементи“, дополни докторката.
Како да се изведуваат Кегеловите вежби?
Пронајдете тивка просторија, легнете на грб и затегнете ги и опуштете ги карличните мускули. Понекогаш ќе бидат потребни неколку обиди да ги затегнете вистинските мускули. Бидете внимателни да не ги користите стомачните или мускулите на нозете и да не го задржувате здивот.
Можете да ги почувствувате мускулите на карлицата на неколку начини: Доколку не знаете како правилно се изведуваат Кегеловите вежби, најдобро е тоа да го направите додека ури-нирате за да почувствувате како навистина да ги затегнете карличните мускули.
Додека ури-нирате, задржете ја урината на неколку секунди, а потоа продолжете со ури-нирање. „Задржувањето“ е всушност тоа како правилно да ги затегнете овие мускули. Задржувањето на урината не се препорачува бидејќи може да предизвика инфекции на мочниот меур и посериозни проблеми доколку постојано го практикувате.
Потребно е само еднаш да го направите ова за да почувствувате како треба да изгледа Кегеловата вежба. Испразнете го мочниот меур, опуштете ги мускулите и дишете правилно. Вежбите можете да ги изведувате во лежечка, седечка или стоечка положба.
Затегнете ги мускулите на карлицата и обидете се да ги задржите затегнати 5 секунди. Бидете внимателни да не ги користите мускулите на нозете и стомакот. Потоа, опуштете ги мускулите околу 10 секунди.
По серија од 5 вежби, одморете се неколку минути, а потоа повторете го процесот уште 10 пати додека да ја постигнете дневната цел од 50 Кегелови вежби. Со текот на времето, обидете се да го продолжите времето на мускулна контракција на околу 20 секунди.
Комбинирајте ги бавните Кегелови вежби со неколку брзи во кои ќе ги затегнете и опуштите мускулите без да се воздржувате. Ваквите Кегелови вежби помагаат во зајакнување на мускулните влакна чија функција е особено важна во моментите на зголемен притисок во абдоминалната празнина (при смеење, кивање, кашлање и сл.)
За да забележите резултати, потребно е да вежбате најмалку 5 месеци без да направите исклучок. Прекинот на вежбањето може да ги ослабе карличните мускули и да не ја постигнете посакуваната цел. Како се изведуваат вежбите детално е објаснето ОВДЕ.