Во една пригода бевме на гости кај тетка Мира и таму за првпат ја пробав оваа салата. Не можам да ви го опишам вкусот, таков спој на сочен зеленчук и вкус и арома, едноставно се воосушевив и веднаш го побарав рецептот.




Оттогаш постојано ја приготвувам за моите гости, а тие се воодупевуваат исто како мене, па ми го бараат рецептот. Оваа салата е многу здрава и доколку сте во можност се препорачува да ја јадете што почесто.




Изобилува со витамин Ц и други косни витамини и минерали кои го подобруваат имунитетот и општото здравје на организмот. Може да ја приготвите во посна или масна верзија, во зависност од тоа каков мајонез ќе користите.




Мајонез се става сосем малку за да го подобри вкусот и да ги истакне вкусовите на зеленчукот. Главната состојка на оваа салата е зелката која е потребно да се изренда или исечка, а се додава и малку праз или млади кромитчиња во зависност од сезоната. Еве што друго ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: средна главица зелка, полесна од еден килограм, а кога ќе се исчисти има околу 800 г, 3-4 млади кромитчиња или 150 г праз (а може и мешано, уште повкусно), 1 полна лажица рен од тегла или изрендан свеж, 2 лажици мајонез (а може и повеќе), 1 лажичка сол, 2 лажички шеќер, сок од половина лимон или 1 лажичка оцет.




ПОСТАПКА: Оваа салата може да биде и посна доколку користите посен мајонз. Зелката изрендајте ја ситно со ренде или како вам ви е полесно, па посолете ја со една-две лажички сол по вкус и оставете ја малку да отстои за да го ослободи и да го испушти сокот.




Кромитчето (или празот) исечкајте го на ситни тркалца заедно со зелениот дел. Може да се додаде и малку сечкано лукче и малку сенф за да се збогати вкусот. Најубаво е сите други состојки да ги измешате заедно во еден поголем сад, па дури потоа смесата да ја додадете во ренданата зелката.




Ставете една рамна лажица рен од тегла, две лажици мајонез (подоцна по вкус, може да додадете уште малку), исцедете сок од половина лимон, но потоа додајте уште малку по потреба, па следно треба да додадете две лажички шеќер (да, шеќер – и дава неверојатен вкус на салатата која патем е солена, а шеќерот воопшто не се чyвствува) и уште половина лажичка сол.




Промешајте добро за да се растопат шеќерот и солта. Потоа со раце истискајте ја зелката врз цедалка за да се исцеди вишокот сок. Во исцедената зелка додаjте го исечканото кромитче и приготвениот прелив. Додадете малку црн пипер и промешајте за да се распоредат зачините и состојките.




Ако ја сакате салатата покремаста, додајте уште малку мајонез или кисела павлака по желба. Оваа салата многу добро одговара да се послужи со печено месо. Вкусете и по потреба додајте уште зачини.




Салатата послужете ја во украсна чинија и декорирајте со свеж магдонос. Најдобро е да се приготви непосредно пред послужувањето, но моѓже да отстои и во фрижидер без да го промени вкусот. Едноставно е совршена. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.