Што ве дуе и како да го решите синдромот на лажно дебел стомак

Светскиот ден на здравјето се одбележува секоја година на 7 април, годишнината од основањето на Светската здравствена организација. Секоја година се иницира здравствена тема која ги поврзува луѓето од целиот свет.

Годинава, темата на која е посветена кампањата е примарната здравствена заштита. Македонското лекарско друштво, оваа година, највисокото признание, Повелбата д-р Трифун Пановски, за исклучителни резултати во унапредувањето на медицинската наука, практика и развојот на здравствената заштита, го додели на проф. д-р Драган Даниловски, раководител на Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика при Медицинскиот факултет, проф. д-р Соња Топузовска, декан на Медицинскиот факултет, проф. д-р Даница Лабудовиќ, професор по биохемија на Медицинскиот факултет и проф. д-р Васо Талевски, професор по микробиологија на Медицинскиот факултет во Штип.

Токму затоа, но и поради тоа што неговата основна професија е епидемиологијата, која е темел на примарната здравствена заштита, ние денес се одлучивме за интервју со проф. д-р Драган Даниловски.

Доктори: Професоре, за почеток, би сакале да ви се заблагодариме за објаснувањето на нашите читатели, што значи примарна здравствена заштита и зошто е таа толку важна. Текстот можат да го прочитаат на овој линк. Ние денес би сакале да начнеме уште една темата, а тоа е правилната дигестија на организмот, односно, кои последици доаѓаат доколку има нарушувања во дигестивниот систем?

Проф. д-р Драган Даниловски: Во нашето тело имаме многу бактерии. Всушност, имаме повеќе отколку што имаме клетки. Повеќето се добри за нас. Оние коишто се наоѓаат во нашите црева не само што ќе ни помогнат за варење на храната, туку можат да бидат корисни и за нашето физичко и ментално здравје. Се наоѓаат во тенките и дебелото црево.

Доктори: Која е улогата на цревниот микробиом?

Проф. д-р Драган Даниловски: Во цревниот микробиом , „добрите“ бактерии не само што помагаат во варењето на храната, туку имаат многу повеќе функции. Тие помагаат „лошите“ бактерии да се држат под контрола. Се множат толку често, што нездравите бактерии немаат простор за размножување.

Бројни студии укажале дека постојат каузални врски меѓу нарушувањето на цревниот микробиом и одредени болести: Кронова болест, улцеративен колитис, синдром на нервозно дебело црево, кардиоваскуларни болести, хронична бубрежна болест итн.

Исто така, докажано е дека цревните бактерии се во тесна врска и со мозокот. Одредени студии покажуваат дека рамнотежата на бактериите во цревниот микробиом може да влијае на емоциите и начинот на кој мозокот ги обработува информациите добиени преку сетилата, како што се визуелните и звучните информации, вкусовите или текстурите.

Понатаму, постојат индиции дека нерамнотежата во цревниот микробиом може да играа улога во растројството на аутистичниот спектар, анксиозноста и депресијата, како и хроничната болка, но и во настанувањето на дебелината.

Доктори: Се поставува прашање дали може да се променат бактериите во цревата?

Проф. д-р Драган Даниловски: Цревниот микробиом се добива од мајката при раѓање, а околината влијае врз него во текот на растењето. Тој, исто така, е под влијание на она што го јадеме. Со внесување на т.н. пробиотици, („добри бактерии“, слични на оние кои постојат природно во дигестивниот тракт), кои се најдени во некои хранителни намирници, може да се зачува рамнотежата во микробиомот.

Доктори: На кој начин можат да помогнат пробиотиците?

Проф. д-р Драган Даниловски: Тие можат да го направат имунолошкиот систем посилен. Тие, исто така, може да го подобрат функционирањето на гастроинтестиналниот тракт, при постоење на синдром на нервозно дебело црево. Некои пробиотици, исто така, може да ги олеснат симптомите на алергија и на интолеранција на лактоза.

Доктори: Кои се извори на пробиотици?

Проф. д-р Драган Даниловски: Пробиотиците ги има во ферментирани млечни производи, како јогурт и стари сирења. Исто така, ги има во ферментиран зеленчук, како што е кисела зелка и туршија (корнишони).

Многумина не знаат дека покрај „обичните“ јогурти, постојат и јогурти што се функционални производи и содржат пробиотски култури, кои го регулираат проблемот со варењето и надуеноста.

Пробиотските култури, и пребиотиците (олигофруктози и инулини), содржани во функционалниот јогурт го забрзуваат работењето на цревата, а покрај тоа ја зголемуваат и апсорпцијата на витамини и минерали во вашиот организам и ги хранат добрите бактерии во цревната флора.

LA-5 и BB12 се пробиотици кои се вклучени во Баланс+ производите. LA-5 е сој на млечно киселинската бактерија Lactobacillus acidophilus. ВВ12 е сој на млечно киселинската бактерија Вifidodbacteruim. Претставува еден од најдокументираните и клинички докажани пробиотици за коишто постојат повеќе од 150 клинички студии дека позитивно му влијаат на здравјето на домаќинот.

Доктори: Што се пребиотици?

Проф. д-р Драган Даниловски: Пребиотиците се несварливи состојки на храната кои поволно му влијаат на организмот на домаќинот со помош на стимулација на растот и развојот на селективна корисна микрофлора, со што се подобрува здравјето на домаќинот. Поради овие својства, пребиотиците претставуваат храна за пробиотиците кои се мешани култури на живи микроорганизми што поволно му влијаат на организмот на домаќинот.

Пребиотиците кои ги користи Баланс+ јогуртот се: инулин и олигофруктоза,, а се добиени од коренот на растението цикорија.

Доктори: Што се синбиотици?

Проф. д-р Драган Даниловски: Пробиотиците можат да го поттикнат растот на добри бактерии, а пребиотиците се добри за пробиотиците. Кога ќе ги комбинирате едните и другите, добивате синбиотик. Идејата е да им помогне на пробиотиците да живеат подолго.

Пробиотичкиот јогурт Баланс+ на Бимилк содржи комбинација на пребиотици и пробиотици, така што претставува синбиотски производ!

Доктори: Какви се придобивките кои ги нуди редовната консумација на јогурт со богата пробиотска култура?

Проф. д-р Драган Даниловски: Ова се некои од најзначајните придобивки кои ги нуди редовната консумација на јогурт со богата пробиотска култура, а најпознатиот на нашиот пазар е јогуртот Balans+:

1. Одржување на здравјето на дигестивниот систем

Поради високата количина на млечни киселини и бактерии, пробиотскиот јогурт се покажа како најефикасниот функционален производ, кој ги регулира непријатните симптоми на надуеност, проблемите со варењето и познатиот синдром „нервозни црева“.

2. Богат е со протеини

Во само 250 гр пробиотски јогурт може да се најдат до 8 гр протеини кои му даваат сила на вашиот организам и го продолжуваат чувството на ситост што го спречува прекумерниот внес на храна.

3. Превенција на дијабетесот

Редовната консумација на пробиотскиот јогурт ја намалува можноста за заболување од дијабетес тип 2, затоа што ја забрзува апсорпцијата на неопходните хранливи материи во дигестивниот тракт што е значајно и за одржување на крвниот притисок.

4. Заштита од настанување на кардиоваскуларни болести

Консумацијата на јогурт на дневна основа ја намалува можноста за заболување од срцеви болести за 18%. Исто така, во избалансираната исхрана треба да се вклучат и овошје, зеленчук и житарици богати со растителни влакна, кои се препорачуваат за превенција на срцеви болести.

Еве неколку факти за пробиотскиот јогурт и користа од него:

• Содржи калциум, витамин Б6 и Б12, магнезиум, калиум и фосфор

• Не се сите јогурти исти, во одржување на функцијата на дигестивните органи се истакнуваат оние кои содржат здрави бактерии во вид на пробиотици

• Позитивно влијаат на здравјето на коските и претставуваат одлични сојузници во превенцијата на остеопорозата

• Хранливите вредности на јогуртот растат со поголемата количина на здрави бактерии

• Пробиотиците во јогуртот влијаат на намалувањето на холестеролот, регулирањето на варењето и запирањето на дијареата

• Во само 250 гр јогурт содржани се околу 8 гр протеини што дополнително создаваат чувство на ситост

• Консумацијата на пробиотски јогурт ја зголемува апсорпцијата на витамини и минерали

• Пробиотиците кои го зголемуваат нивото на добри бактерии во организмот влијаат и на намалување на анксиозноста и стресот

Доктори: Од кои причини луѓето имаат лажно дебел стомак (подуен) и како можат да ја спречат оваа појава?

Проф. д-р Драган Даниловски: Најчеста причина за подуеност на стомакот е ферментација на содржината на цревата од страна на цревните бактерии. Најголемиот дел од гасот во цревата се состои од метан, јаглерод диоксид и водород од бактериската ферментација на јаглените хидрати. Една група бактерии, наречени „метаногени“ создаваат метан. Друга група бактерии, наречени „бактерии кои редуцираат сулфати“, молекулите на сулфур во протеините од месо произведуваат гас водород сулфид, што мириса на сулфур.

Доктори: Како да се ослободиме од надуеноста?

Проф. д-р Драган Даниловски: Во една студија е покажано дека пробиотиците се ефикасни за лекување на дигестивни симптоми, како гасови (флатуленција) и подуеност (метеоризам). Како е ова возможно? Корисните бактериски видови, како Lactobacillus acidophilus, овозможуваат во цревата да се хармонизира рамнотежата.
Пробиотскиот јогурт Баланс+ се покажа како многу ефикасен, функционален производ, кој ги регулира непријатните симптоми на надуеност, проблемите со варењето и познатиот синдром „нервозни црева“, поради високата количина на млечни киселини и бактерии.

Доктори: Што се случува со цревната микрофлора по долготрајна употреба на антибиотици?

Проф. д-р Драган Даниловски: Проблемот со антибиотиците е во тоа што тие неселективно ги бришат сите бактерии во цревниот микробиом, и „лошите“, кон кои се насочени, но и „добрите“. Во ситуација кога добрите бактерии не ја извршуваат својата заштитна улога, може да се развијат одредени несакани бактерии, што доведува до привремена дијареа и други дигестивни тегоби.

Покажано е дека само еден третман со антибиотици може негативно да влијае на цревниот микробиом до цела година. Се поставува прашање, што се случува при континуирана употреба на антибиотици во повеќе наврати! За среќа, пробиотиците можат да помогнат и при употребата на антибиотици.

Доктори: Како помагаат пробиотиците?

Проф. д-р Драган Даниловски: Пробиотиците се од витално значење за секој микробиом, но особено за оние кои се погодени од антибиотици. Истражувањата покажуваат дека пробиотиците можат да помогнат да се спречи употребата на антибиотици, на прво место, со поддршка на природната здрава состојба на телото и дека можат да го поддржуваат здравото варење на храната, како и да ја намалат антибиотската резистенција.

Други истражувања покажуваат дека пробиотиците можат да имаат драматично позитивен ефект врз употребата на антибиотици и целокупното здравје:

• Пациентите кои користеле пробиотици додека земале антибиотици, имале 60% помал ризик микробиомите на цревата да се преплават со опортунистички микроорганизми.

• Фекалната трансплантација, односно пренесувањето на столица богата со пробиотици од едно лице на друго, се покажа како ефикасен и понекогаш супериорен начин за промоција на здравјето, поради неговата способност да ја зголеми популацијата на пробиотични бактерии.

Доктори: Кои се последиците врз здравјето на организмот доколку е нарушена биосинтезата на витамините К, Б12, Б2 и Б1?

Проф. д-р Драган Даниловски: Витамините се важни микронутриенти кои често се претходници на ензимите, кои им се неопходни на сите живи клетки за спроведување на биохемиски реакции. Сепак, луѓето не можат да произведат многу витамини, па затоа мора да се внесуваат однадвор.

Пробиотичките бактерии, како и комензалните бактерии кои се наоѓаат во цревата, како што се Lactobacillus и Bifidobacterium, можат de novo да синтетизираат витамини и да го снабдуваат човечкото тело. Кај луѓето, членовите на цревната микробиота се способни да синтетизираат витамин К, како и повеќето од витамините Б растворливи во вода, како што се кобаламин, фолати, пиридоксин, рибофлавин и тиамин.

Благодарејќи на истовременото присуство и на пребиотици (инулин, олигофруктоза, фрукто-олигосахариди) и на пробиотици (Lactobacillus и Bifidobacterium) тие подолго егзистираат во дигестивниот тракт на човекот. Тоа, пак, обезбедува, покрај другото, континуитет во снабдувањето со гореспоменатите витамини, правејќи го баланс+ јогуртот драгоцен составен дел на една здрава исхрана.

Разговорот го водеше: Петар Попоски

Loading...