Ако купите нов паричник, тоа не значи дека веднаш треба да го фрлите стариот. Некогаш е добро кога ќе се ослободите од старите работи кои не ги користите, но никогаш не правете го ова со стариот паричник.
Народски се верува доколку направите неколку значајни работи со стариот паричник, дека тоа може да ви донесе многу пари во новиот. Најпрво треба да најдете затскриено место во станот или куќата на југоисточниот дел и таму да го чувате паричникот.
За да ги привлечете парите во новиот паричник, во стариот треба да ставите банкнота што нема да ја потрошите. Најпрво ставете паричка од 50 денари, а по неколку денови заменете ја со 100 или 1000 денари.
Знаците нагласуваат дека е важно да бидете расположени за време на оваа стара традиција со стариот паричник (на овој начин, ќе привлечете позитивна енергија и многу пари.
Овој процес треба да трае 7 дена. Ставете неколку големи сметки во вашиот стар паричник и чувајте ги во него првите 3 дена. Парите во паричникот не смеете да ги трошите.
Со парите кои ги имате во стариот паричник, купете нешто ситно за некој свој близок и подарете му. Преостанатите пари вратете ги во стариот паричник и чувајте ги таму до наредниот месец.
Најдобро време да купите нов паричник
Повеќето луѓе велат дека треба да го менувате вашиот паричник барем еднаш годишно. Најдобро време да купите нов паричник е за Нова година, на деновите кога има полна месечина.
Не треба да кажувате никому во првите часови по купувањето на паричникот. Не купувајте паричник од синтетички материјал бидејќи се верува дека ја привлекува негативната енергија.
Соодветна боја за паричник е црна, кафеава, златна и жолти нијанси. Исто така, соодветна боја за паричникот е црвената и нејзините различни нијанси: се верува дека парите сакаат сè што е светло и шарено.
Новиот паричник треба да има многу оддели за банкноти, монети, картички и со благодарност да го искористите целиот простор во паричникот.
Заштедите треба да ги чувате во стариот паричник
Препорачливо е да чувате банкнота во стариот паричник, што ќе привлече благосостојба, среќа и пари кон себе.
Полнење паричници за богатство и просперитет – овој ритуал се изведува седум дена. Првите три дена, мора да го чувате паричникот покрај вас, откако ќе поставите неколку големи сметки во него.
Исто така, постои и еден многу интересен народен обичај со кој навосно се гарантира привлекување пари. Треба да сварите малку зелен чај во чаша, да ставите лажица мед и да го ставите врз зелена хартија.
После тоа, вадејќи ја хартијата под чашата, напишете на неа со молив или пенкало: „Новиот паричник ќе ми донесе пари..” Тогаш мора да го испиете чајот со задоволство, па ставете ја хартијата во паричникот. Парите ќе дојдат многу скоро. Важно е да не ја вадите хартијата од паричникот.
Стариот паричник по еден месец може да го чувате на истото место, но доколку сакате да се ослободите од старите работи, тогаш најдобро е да го подарите некому, а не да го фрлате.
Во новиот паричник треба секогаш да одржувате чистота, прашината повремено бришете ја и чистете го паричникот. Организирајте ги работите во новиот паричник така што ќе имате посебно место за банкноти, монети, кредитни картички..
Првата банкнота што ќе ја ставите во паричникот треба да ви ја даде некој од вашето семејство. Не го преполнувајте паричник со ситни пари колку место и да имате. Доволно е да имате од секоја монета во него, но другите монети чувајте ги во стариот паричник или во тегла за заштеда и користете ги повремено.
Стариот паричник може да ви послужи и како резерва за новиот, но секогаш чувајте го на истото место каде што сте го оставиле (југоисточниот дел). Покрај стариот паричник добро би било да ставите некое цвеќе или украс кој привлекува среќа.
Цврсти верувања за пари во домот: Ако сакате да имате пари, еве што да направите. Овие едноставни совети можат да ви помогнат во тешки моменти.
Секогаш јадете и пијте од чисти и нескршени чинии и чаши, така ќе одржувате добра енергија и среќа во вашиот дом. За да ја одржите среќата во домот ставете неколку метални монети во секој агол.
Трошките од леб секогаш давајте им ги на птиците, тие носат среќа и слобода во домот. Никогаш не се фалете со својата среќа и особено не правете го тоа пред непознат. Нивната љубомора може да му наш-тети на вашиот живот.
Не чувајте скршено или испукано огледало во куќата. Ви ја одзема среќата. Доколку огледалото ви се скрши, треба веднаш да го фрлите. Носете пари во паричникот – никогаш не ги напикувајте во џебовите. Ова ќе ви помогне да постигнете благосостојба.
Секоја жена мора ова да го има: Ова е билка која ја чува куќата од з ло и гарантира среќен брак и пари
Ублажува настинки, придонесува за подобро здравје на срцето, бубрезите, очите и забите, а помага и во лекување на р ак. Народните верувања велат дека оваа билка ја чува куќата од з ло и се грижи за благосостојбата на истата.
Намалува температура и ублажува симптоми на настинка
Бидејќи босилекот има антибактериски својства, листовите се многу ефикасни во лекувањето на разни воспаленија, температура и треска. Сварете лист од босилек како чај и полека пијте го. Симптомите ќе се намалат, како што се пецкање и гребење во грлото и кашлица.
Помага во бор-ба против настинка, астма и бронхитис
Мешавина од лист на бронхитис со ѓумбир и мед е одличен лек за лекување на разни респираторни болести, како настинка, грип, астма и бронхитис. Мешавината ги отвора дишните патишта кои се блокирани од вишокот слуз, а на б олните им го олеснува дишењето.
Лекува воспалено грло
Ако имате воспаление на грлото, добро е да правите гаргара со мала вода во која претходно сте потопиле босилек. Делува антивоспалително и го олеснува симптомите од воспалението.
Придонесува за подобро здравје на срцето
Јадењето босилек го намалува нивото на холестерол во телото и општо се смета за еден од најдобрите зачини за срцето. Го намалува ризикот од срцев у дар и кардиоваскуларни слабости.
Го намалува с тресот
Босилекот општо е добар за здравјето, а билкарите го препорачуваат да се џвака барем по 12 листови дневно. Босилекот има директно влијание и врз с тресот, т.е. витамините и антиоксидантите кои ги ослободува позитивно влијаат врз намалување на с тресот.
Се подобрува работата на бубрезите
Босилекот ги јакне бубрезите и одличен е во бор-бата против бубрежни каменчиња. Билкарите предлагаат јадење на мешавина од босилек и мед барем шест месеци, за да се ублажат б олките и да се исфлат камчињата од телото.
Лекува усни инфекции
Инфекциите и чировите кои може да се појават во устата е добро во прв момент да се лекуваат со џвакање на листови од босилек. Се намалува б олката и инфекцијата, но и се подобрува мирисот на здивот.
Се ублажуваат отоците после у-бод од инсекти
Намачкајте чајна лажица со паста од босилек врз отокот. За кратко време ќе спласне и ќе се намали б олката и иритацијата.
Одржување на здравјето на забите
За оние кои па-тат од проблеми со кр-вавење на непцата, босилекот се покажал како добар сојузник во одржувањето на здравјето на забите. Антибактериските и антибиотските својства на босилекот можат да помогнат во спречување на овие о рални болести.
Одржување на здравјето на очите
Бидејќи изобилува со витамин А, босилекот има позитивно дејство врз здравјето на очите. Ја зголемува отпорноста на очите на разни болести, а само неколку капки од растворот со босилек може да ги освежи уморните очи. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска