Мора да бидете свесни дека истегнувањето и потпукнувањето на вратот не доведува веднаш до артритис и други сериозни болести.
Многу луѓе ја имаат оваа навика и уживаат во неа бидејќи потпукнувањето на вратот и рбетот ги опушта.
Потпукнувањето во вратот е знак дека се ослободуваат гасови од синовијалната течност.
Додека ви потпукнува вратот или рбетот, се ослободува кислород, азот и јаглероден диоксид, па така се создава меур кој сам од себе пука. Тоагаш доаѓа до привремено олеснување.
Иако ова може да доведе до разни болести, артритисот не е една од нив. Доналд Л Угер 30 години ја потпукнувал едната рака, за да ја разреши оваа општо позната мистерија за артритисот.
Доколку ви потпукнуваат вратот, рамењата или рбетот, можно е да биде нешто сериозно, па најдобро би било да појдете на лекар.
Потпукнувањето има тенденција да ги истегнува лигаментите, а тоа ги прави помалку стабилни.
Нестабилни лигаменти имаат помала шанса да ја издржат тежината на главата и тоа предизвикува болка. Но тоа не значи дека потпукнувањето на зглобовите не имплицира веднаш дека имате некакви проблеми.
Доколку се двоумите со било кој од овие методи, обратете се на лекар.
1.МЕТОД – ТУПАНИЦА
Поставете ја тупаницата на брадата, малку од десна страна.
Нежно турнете на лево, ќе слушнете потпукнување.
Поставете отворена дланка на брадата од лева страна и полека туркајте кон десно.
Уверете се дека сте слушнале потпукнување.