Ако се обидувате да замислите и еден оброк без леб, компир, ориз или тестенини, тогаш ова би можело да ве интересира.
Доколку престанете да јадете јагленихидрати барем со еден оброк дневно, вашето тело ќе се промени!
Ова особено се однесува на лебот. Еве како ќе реагира вашиот организам на отсуство на оваа намирница од исхраната.
Во случај ако еднаш, навистина се одлучите од својата исхрана да ги елиминирате јаглените хидрати, токму ова ќе ви се случи.
Ќе се ослободите од вишокот килограми
Ќе ослабете, но ова се однесува на вишокот килограми, бидејќи во овој случај, пред се’, станува збор за губиток на задржани течности во организмот. Сепак, ќе забележите помал број килограми кога ќе застанете на вага.
Како се таложат јаглените хидрати во организмот?
Јаглените хидрати во вашиот организам се таложат во облик на гликоген, а секој грам јаглени хидрати во организмот врзуваат три до четири пати повеќе вода.
Ќе добиете рамен стомак
Веќе после неколку денови без јаглени хидрати во својата исхрана ќе можете да забележите дека стомакот ви спласнал. Исхрана секако треба да ја збогатите и со намирници кои содржат влакна.
Ќе имате повеќе енергија