Иако повеќето предизвикуваат неугодност, особено ако се гласни, гасовите се нормална телесна реакција која се случува во цревата. Но што всушност ни порачува телото?
1.Пореметување на бројот на бактериите
Бактериите предизвикуваат ферментација, односно разградување на храната што сме ја изеле. Тој процес започнува во желудникот и после тоа во дебелото црево, а понекогаш се продолжува и во тенкото поради што доаѓа до ослободување на гасови кои ги исфрламе во облик на непријатен мирис.
2.Јадете набрзина
Ако имате навика да јадете брзо или да зборувате додека уживате во оброкот, во текот на јадењето вие проголтувате многу воздух. Воздухот помешан со храна доаѓа во желудникот и предизвикува надуеност, а со тоа и ослободување на гасовите.
Што повеќе воздух внесете во телото, толку повеќе ќе ви биде стомакот подуен.
Повеќето воздух ќе го исфрлите со подригнување, а делот кој ќе мине низ остатокот од дигестивниот тракт ќе излезе во вид на гасови.
3.Интолеранција на храна
Иако можеби во текот на животот сте уживале во млекото и млечните производи без никаков проблем, со текот на времето ова може да се промени. Па така, телото може да стане интолерантно на лактозата содржана во овие намирници, па нема да може да ја дигестира и поради што ќе се чувствувате подуено и тромаво ќе испуштате гасови.
Истото важи и за глутенот- состојка на бројни житарки која со интолеранција станува несварлива и предизвикува проблеми во дигестијата, а со тоа и гасови.
4.Нередовно празнење на цревата
Вршењето на голема нужда е многу важно за вашето здравје. На тој начин од телото ги исфрлате остатоците храна кои се несварливи и непотребни за организмот. Но ако екскрементот остане предолго во дигестивниот тракт, бактериите кои ја вршат својата функција, предизвикуваат ферментација и ослободување на гасови кои се собираат во цревата.
На крај, овие гасови излегуваат надвор од телото со многу непријатен мирис. Ако имате проблем со дигестијата, започнете со вежбање а исхраната освежете ја со намирници богати со влакна. Исто така, потребно е да вкучите и пробиотици.
5.Тешка храна и газирани пијалаци
Храната која ја внесувате во организмот, поминува низ долг процес кој започнува во устата и претрпува бројни промени. Пржената и масна храна многу е тешко да се дигестира па затоа подолго се задржува во цревата.
Поради тоа, во текот на разложувањето се ослободуваат гасови кои непријатно мирисаат. Истото важи и за газираните и слатките пијалаци кои во себе содржат гас, и со тоа ја отежнуваат дигестијата.