„Жената која штеди на себе ги тера мажите исто така да сакаат да штедат само на неа“, вели писателот Ерих Марија Ремарк.
Зборовите на Ерих Марија Ремарк нè тераат добро да размислиме што се случува со жените кои штедат на себе? Прво штедиме на себе, потоа дури и животот почнува да штеди на нас.
Скромноста, доброто однесување и добрата природа – тоа се квалитети кои ги научивме од нашите родители, но навистина не се применливи во животот.
Во животот, сè е малку поинаку: за секој бескрупулозен човек, скромната и добра личност се смета за добра можност за искористување.
Кога добра и пристојна личност е придружувана од зла личност која ја искористува, тогаш добрите особини му служат на злото.
Секоја љубезна, добро воспитана и скромна личност треба да се освести и да зајакне за да спречи манипулирање и искористување дури и од најблиските.
Но, за да разберете како функционираат другите и зошто ви го прават она што ви го прават, прво треба да се разберете себеси и да си го поставите прашањето: Зошто толку штедите на себе и што добивате како возврат на тоа?
Никој нема да ви се заблагодари ако постојано си кратите од сè нешто и штедите на себе. Овде, се разбира, не зборуваме за материјални работи: жените штедат на сопствените одмори, на своите желби…
Луѓето брзо се навикнуваат на фактот дека ви треба малку, па ви даваат малку. Прво вие штедите на себе, па потоа сите штедат на вас.
Жената се заморува и разочарува од таквиот живот. Тогаш таа почнува да се прашува зошто има таков живот, зошто сите ја искористуваат?
Лошите навики водат до лош живот. Навиката да штедите на себе се појавува кога ќе ја запознаете вашата сродна душа и кога ќе ги родите децата. Вашата сопствена слика во вашата глава се менува. Порано само вие беше во таа слика, а сега има и маж и деца.
Мајката го сака своето дете толку многу што е подготвена сè да жртвува, а особено себеси. Заљубената жена е подготвена да ги жртвува своите пријатели, своето хоби, своето време само за него.
Мажот брзо се навикнува неговата сопруга да биде таа која се жртвува, додека децата никогаш не сретнале друга мајка освен оваа маченичка.
И што се случува ако жената одлучи да престане да се жртвува? Па, никој нема да и каже „Благодарам многу, сега тебе ти е редот малку да уживаш!“ Не, сите ќе и се налутат!!
Ако жената се плаши да се спротивстави на овој гнев, нејзините години, децении и на крајот нејзиниот живот ќе прелетаат.
Затоа, не штедете на времето посветено на себе, во прекрасните тивки вечери, на книгите, на вашите соништа, бидејќи животот нема да трае вечно.