Жолчното кесе е мал орган во облик на круша сместен под црниот дроб. Тука се собира и складира жолчниот сок – течност која ја создава црниот дроб.

Жолчката служи како емулгатор за масти и витамини растворливи во масти во дигестивниот тракт и овозможува подобра апсорпција на масните материи од цревата.

ЗА ЗДРАВА ЖОЛЧКА

Жолчниот сок го излачува црниот дроб, а многу е важен за дигестирање на мастите. Затоа, мора да внимаваме да не консумираме премногу тешки, масни и зачинети јадења, бидејќи го оптеретуваме овој орган.

ЧАЕВИ

Трипати дневно се пие по една шолја чај со неколку капки тинктура од пелин и коњско опавче, во период од 3 дена.

Билки кои поттикнуваат излачување на жолчен сок: ангелика, бреза и чичок. Билки кои го регулираат излачувањето на жолчниот сок се: иѓирот, коприва, мајчина душичка, дива ружа, пелин (кој исто помага за подобра дигестија кај луѓе кои немаат жолчно кесе), коњско опавче, росопас (кој може да стопи и камења), цикорија.

Сокот од артичока ги отвора жолчните канали, глуварчето, маточината и невенот влијаат врз создавање и излачување на жолчен сок.

ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ЖОЛЧКА

Црвен кромид, рен, ротквица, мед: Исечкајте една главица кромид/ сок од рендан корен од рен или една ротквица (нелупена, рендана). Одберете една од овие намирници и промешајте со 2-3 лажици мед. Се консумира по една лажица трипати дневно.

Доколку има застој во жолчката, може да дојде до формирање на камења во жолчното кесе. Ова се симптомите:

Симптомите коишто ги даваат камењата во жолчка, често се нарекуваат и „напади“  на камења во жолчка, бидејќи се појавуваат неочекувано. Типичниот напад се карактеризира со: Болка во горниот дел од стомакот, којашто се појавува одненадеж и може да трае од 30 минути до неколку часа, болка којашто се шири кон  грбот и десното рамо, болки проследени со гадење и повраќање.

Нападите најчесто се јавуваат по обилен и мрсен оброк и најчесто ноќе. Други симптоми можат да бидат и : подуен стомак, подолготрајна интолеранција на мрсна храна, гасови, колики (грчеви), подриг, диспепсија.

Доколку имате ваков напад, веднаш побарајте лекарска помош.