Фото и рецепт: Елена Мишковска
За 6 пастрмајлии, во долина на плехо од рерна
Потребни состојки:
1200 г брашно
2 лажички сол
2 супени лажици инстант квасец
½ лажичка шеќер
600 мл млака вода
Постапка:
Од ваведените состојки се замесува мазно тесто кое не лепи на раце. Тестото се дели на 6 дела и се остава да одмори додека се приготвуваат плеховите и да се загрее рерната.
Свинското месо по правило се приготвува од вечер, но бидејќи користев бифтек (најкревкото месо), го подготвив само 3 часа пред користењето:
1200 г бифтек исечен на коцки
1 филџан за кафе масло
сол по вкус
2 рамни лажички црвен пипер
1 лажичка црн пипер
Убаво се меша и се остава месото да ги прими зачините.
Секое парче отстојано тесто се развлекува од внатре по должина, внимавајќи да не се растури околната витка. Се полни со зајрето, се поросува со лут буковец и се става по 2 лажички свинска маст.
Вака подготвените пастрмајлии се редат во набрашнет плех и се печат 20-25 минути на 220 степени. Кога се печени пастрмајлиите, витките се премачкуваат со свинска маст и повторно се враќаат уште неколку минути во рерна. Се вадат и се покриваат со памучна салветка.
Убавина од тесто и месо.
Пастрмајлии (Фото и рецепт: Елена Мишковска)