Месото се топи во уста, а сосот е прсти да излижеш!
Потребни состојки:
600 г телешки шницли
6 главици кромид
3 чешниња лук
2 лажици брашно
По вкус сол и црн пипер
Постапка:
Шницлите исчукајте го со чекан за месо, па потоа зачинете ги и извалкајте ги во брашно. Истресете го вишокот брашно.
Загрејте масло во поширока тава и на умерен оган запржете ги шницлите од двете страни, па вадете ги на чинија.
Кромидот излупете го и крупно исечкајте го на ленти. Во истото масло каде што се пржеа шницлите запржете го и кромидот, но само на кратко (до половина зготвен). Додадете брашно, ситно сечкан лук, па налејте со малку вода и оставете малку на тивко да прокрчка.
Потоа досолете по вкус и додадете зачини, па вратете ги шницлите во сосот и на тивок оган динстајте додека шницлите да омекнат.