Најчесто користам пилешко бело месо, ама вие какво сакате, такво одберете.

Потребни состојки:

500 г мисиркино или пилешко бело месо
400 мл јогурт
100 г кашкавал
100 г лебни трошки (презла)
2 лажици магдонос
сол и црн пипер по вкус
малку масло

Постапка:

Кашкавалот изрендајте го на крупно ренде, а магдоносот ситно исечкајте го. Месото исечете го на тенки шницли (или кажете им во месара да ви ги исчукаат).

Во соодветен сад измешајте го ренданиот кашкавал, магдоносот и лебните трошки.

Шницлите зачинете ги со сол и црн пипер, па натопете ги во јогурт и извалкајте ги во смесата со кашкавал.

Вака приготвените шницли редете ги во намастен огноотпорен сад, а преостанатиот јогурт и смесата од кашкавал прелијте ги преку нив.

Покријте со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Потоа тргнете ја фолијата и оставете малку да се запечат шницлите, колку да добијат румена боја.