Сигурно се сеќавате на вкусните Шне Нокли што ги правеа нашите баби?

Најдете пригода и потсетете се!

Потребни состојки:

6 јајца

7 лажици шеќер

Прстофат сол

3 кесички ванилин шеќер

1 пудинг од ванила

Околу 1,6 л млеко

Постапка:

Одвојте ги жолчките од белките.

Белките со прстофат сол изматете ги во цврст снег.

1 литар млеко ставете да зоврие, па кога ќе биде близу до вриење, со лажица вадете „нокли“ од белките и внимателно спуштајте ги во млекото, да се сварат. После 3-5 секунди ноклата внимателно свртете ја во млекото, и оставете уште неколку секунди да се свари и другата страна. Имајте во предвид дека ноклите додека се готват во млекото двојно пораснуваат.

Вадете ги со решеткаста лажица во поширок сад. Постапката повторувајте ја додека да се потрошат сите белки.

Жолчките, шеќерот, ванилин шеќерот и пудингот измешајте ги, па додадете околу половина литар млеко. Измешајте.