Ширден е внатрешен орган на младо јагне кој преставува продолжение на желудникот.​

Потребни состојки:

1 поголем ширден

200 г телешко месо

200 г свинско месо

200 г јагнешко месо

ориз, црн пипер, сол, вегета, црвен пипер, јенибар, сува пиперка, кромид, масло

За неколку ширдени, употребете по 500 г од секој вид месо.

Постапка:

Се сечкаат на ситни парчиња месото (1,5 см), кромидот, пиперката, и се мешаат со оризот и за­чи­ни­те. Со добро измешаната смеса се полни ширденот и се затвора со чепкалка.

Се ста­ва во тава, се зачинува со сол, вегета, црвен пипер и се налева со масло и една чаша вода. Се ос­та­ва да се пече на 180 степени околу два часа и повремено се врти ширденот и се боцка за да излезе водата.