ШЕЌЕРПАРЕ…Од 1 доза добивам 70 колачиња од гриз потопени во шербет…Се топат во уста, многу се вкусни…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Се мери со чаша од 200 мл и мала чајна чаша од 125 мл):
За тесто:
200 г путер
1/2 мала чајна чаша масло
2 јајца
1 мала чајна чаша шеќер во прав
1/4 мала чајна чаша гриз
4 чаши брашно/ се додава постепено
1 кесичка прашок за печиво
За шербет:
3 чаши вода
3,5 чаши шеќер
1 тенко парче лимон
По желба: 70 лешници или ореви или бадеми
ПОСТАПКА:
1.Најпрво го подгответе го шербетот. Во тенџере сипете ги водата и шеќерот, па кога ќе зоврие додајте го лимонот и варете на тивок оган 10 минути. Оставете го настрана да се излади.
2.Во подлабок сад сипете ги омекнатиот путер, маслото, јајцата, гризот, шеќерот во прав и со рака соединете.
3.Малку по малку додајте ги брашното и прашокот за печиво, а количината на брашното може да варира. Треба да добиете меко тесто кое лесно се обликува со рака.
4.Обликувајте мали топчиња и наредете ги во тепсија која нема потреба од намастување. Врз секое топче во средината одозгора боцнете еден лешник.
5.Печете ги во загреана рерна на 185° отприлика 25 – 30 минути. Печените колачи оставете ги малку да подизладат, па залијте ги со ладниот шербет.
Оставете да го апсорбираат 10-15 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/U2gRiPYdCT4?si=teBEE9cvFOd_Rwc9