РЕЦЕПТ 1: Посни двобојни обланди со чоколадо, бисквити и ореви – Едноставни за подготовка, неодолив вкус, а може да се приготвуваат во посна и мрсна варијанта
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 листа обланда, 250 мл вода, 250 г маргарин, 150-200 г шеќер, 200 г ореви, 250 г посни мелени бисквити, 120 г посно чоколадо.
ПОСТАПКА: Во тенџере ставете вода, додајте шеќер и маргарин, па ставете на рингла за да се растопи маргаринот.
Истовремено растопете го чоколадото на пареа или микробранова печка. Кога ќе се растопат маргаринот и шеќерот тргнете го тенџерето на страна и додајте мелени ореви и мелени кекси.
Добро промешајте па добиената смеса поделете ја на два еднакви дела. Во првиот дел додајте го растопеното чоколадо и добро измешајте за да се изедначи.
Оставете ги филовите две-три минути да се подизладат, за да не ви излезат обландите жилави доколку ги филувате со топла смеса.
Листот обланда премачкјате го со половина од темниот фил, врз страната која има покрупен рељеф, па поклопете со друг лист обланда.
Преку тој лист нанесете половина од светлиот фил, па обланда, 1/2 темен фил, обланда, 1/2 светол фил и завршете со обланда.
Потиснете со некој терет, оставете го колачот во ладна просторија да преноќи. Следниот ден сечете. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.
РЕЦЕПТ 2: БРЗИ ПОСНИ ОБЛАНДИ Со суво овошје, кокос и ореви.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл вода, 325 г шеќер (може и помалку, по вкус), 250 г посен маргарин, 100 г посно чоколадо, 300 г посни бисквити, 50 г кокос, 100 г мелени ореви, 100 г суво грозје (или друго ситно сечкано суво овошје), 75 г сечкани ореви.
По желба може да се додаде и малку рум или сок од портокал.
ПОСТАПКА: Во едно подлабоко тенџере ставете 200 мл вода, 250 г посен маргарин исечкан на помали парчиња и додајте 325 г шеќер (ова е многу шеќер според изворниот рецепт, па кој сака може да го намали по вкус) и 100 г посно чоколадо искршено во коцки.
Загревајте на тивок на оган додека да се растопат состојките, па додајте 300 г мелени посни бисквити и 100 г суво грозје, 50 г кокосово брашно, 100 г мелени ореви и 75 г сечкани ореви.
Промешајте, па тргнете го садот на страна и оставете две минути малку да се подизлади смесата. Ако ви се чини дека дека сè уште е ретка, во тој случај додајте уште малку мелени кекси до посакуваната густина.
Потоа рамномерно распоредете го филот кој сè уште е млак (не треба да биде многу топол, ниту целосно изладен) врз лист обланда, па одозгора поклопете со вториот лист обланда и нежно притиснете со дланката.
Ставете некој терет (книга, тепсија или нешто слично), па оставете вака преку цела ноќ. Следниот ден обландата е спремна се сечење и послужување. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видео презентацијата на Рада ОВДЕ.
РЕЦЕПТ 3: ПОСНИ ОБЛАНДИ – еден од моите омилени славски колачи, со плазма и ореви, за брзо време се готови.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл вода (или млеко доколку не постите), 250 г посен маргарин (или путер), 150-200 г шеќер, 250 г посни мелени бисквити, 150 г ситно сечкани ореви и 1 големо пакување обланди.
Постапка: Во тенџере ставете го маргаринот заедно со водата. Додајте го шеќерот и загревајте на оган додека да се растопат состојките. Тргнете од рингла и додајте ги мелените ореви заедно со бисквитите. Брзо промешајте.
Подготвениот фил ставете го настрана малку да се подолади за обландите да не ви излезат жилави. Земете една кора и ставете ја на голем послужавник или на работна површина со рапавата страна кон горе.
Ставете 4 лажици од оладениот фил и премачкајте рамномерно низ целата кора. Одозгора ја ставате втората кора, повторно фил 4 лажици и сè така додека да го потрошите филот. На последната кора не ставате фил.
На крајот обландите се покриваат со кујнска памучна крпа, одозгора се става нешто тврдо и се оставаат преку ноќ за убаво да се залепат во фрижидер или во некоја ладна просторија.
Следниот ден, ги сечете на правоаголници со големина по ваша желба и послужувате на славската трпза. Јас ги сечев како бајадери. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.
РЕЦЕПТ 4: Чоколадни и посни, готови за само 15 минути.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 мл вода, 400 г шеќер, 200 г мелени посни бисквити, 100 г чоколадо за готвење, 125 г маргарин и 1 пакување обланди
Постапка: Шеќерот и водата кратко сварете ги. Тргнете од оган и додадете мелени бисквити, па мешајте додека да се згусне. Потоа во смесата додадете чоколадо искршено на коцки и мешајте додека и тоа да се растопи и соедини со смесата.
Смесата оставете ја да излади (да биде млака) па додадете изматен маргарин. Со млаката смеса филувајте ги обландите. Изладената обланда поклопете ја (со нешто тешко) за убаво да се стисне. Рецептот е многу брз и убав.
РЕЦЕПТ 5: Јадро обланди (посни) – нешто многу убаво и вкусно, со суви смокви, суво грозје и ореви.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г суви смокви, 200 г суво грозје, 400 г шеќер, 200 мл вода, 250 г мелени ореви, 4 листови обланда, 250 г маргарин, 250 г шеќер во прав
ПОСТАПКА: Сувите смокви и сувото грозје сомелете ги на машина за месо. За да не ви лепи, може по малку да наросите скроб.
Шеќерот и водата сварете ги во сируп, па додајте ги сомелените смокви и грозје, мешајте додека добро да се соедини. Потоа додајте мелени ореви.
Филот поделете го на два еднакви делови. На лист од обланда нанесете еден дел од филот, па поклопете со друг лист обланда. Истото направете го со преостанатиот фил и обланди. Обландите се филуваат така што рапавата страна да остане горна.
Добро изматете го маргаринот со шеќерот во прав. Со овој фил премачкате ја едната филувана обланда па поклопете ја со другата. Одозгора ставете нешто тешко и оставете да се стегне. Сечете на коцки или штангли.
РЕЦЕПТ 6: ФИГАРО ОБЛАНДИ СО ГРИЈАЖ: Се прави за 15 минути, се топи во уста.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 листови обланда, 600 г шеќер, 250 г посен маргарин, 300 г посни мелени кекси (плазма бисквити или било кој друг посен кекс по ваш избор), 100 г мелени ореви, 250 г сечкани ореви и 150 мл вода.
Постапка: шеќерот ставете го тенџере на оган да се карамелизира. Мора да внимавате на температурата да не е пресилна, зошто шеќерот може да загори. На мојот шпорет најсилно е тројка, па јас ќе го ставам шеќерот да се топи на единица.
Откако шеќерот ќе се стопи и карамелизира, промешајте го убаво со дрвена лажица за да се изедначи. Мора да се меша постојано за да не загори и тргнете го од рингла.
Додајте ја постепено водата за да не ви прска. Вратете го тенџерето на оган. Кога шеќерот ќе се растопи во водата додајте го маргаринот исечен на коцки.
Потоа додајте ги мелените ореви, сечканите ореви и мелената плазма. Соединете ги сите состојки, па оставете околу 5 минути малку да подизлади.
Потоа рамномерно распоредете ја врз лист обланда па поклопете со друг лист обланда и притиснете со рацете. Одозгора потиснете со некоја тежина и оставете да се олади 4-5 часа во фрижидер.
Но, најдобро е да се остави преку цела ноќ, а тогаш и најубаво се сече. Обландата сечете на коцки, штангли, ромбоиди или по ваша желба со големина каква што ви одговара. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.