Докажано ги уништуваат клетките на ракот? Јадете модар патлиџан секој ден и видете какви промени се случуваат во телото…
Модриот патлиџан потекнува од Индија, се консумира веќе со години, а освен во Азија, почнал масовно да се одгледува и во Европа. Различните сорти на модар патлиџан имаат плодови со тежина до килограм, а постојат неколку видови, од кои модриот патлиџан е најмногу лековит.
Свежиот патлиџан има само 24 калории во 100 грама, тој е богат извор на влакна, особено целулоза, која е добра за дигестијата, како и витамини Б1, К, Ц, А и фолна киселина.
Модриот патлиџан е богат со протеини, па може да се користи како замена за месо.
Го успорува растот на клетките на ракот и го штити срцето
Најмоќното својство на модар патлиџан е заштитата на организмот од слободните радикали. Неговата кора содржи антиоксиданс насунин, кој ги штити клетките од yништување и ги елиминира слободните радикали и влијае на отстранувањето на вишокот железо од телото.
Насунинот е тој што влијае на превенција од кардиоваскуларни заболувања, како и на превенција од рак.
Студијата објавена во 2005 година во списанието „Journal of Agricultural and Food Chemistry“ потврдува дека насунинот ефикасно го спречува процесот на ангиогенеза (развој на нови крвни садови од постоечките) и на тој начин помага да се потисне ширењето на туморските клетки.
Според истражувањето на американското Министерство за земјоделство, хлорогената киселина содржана во модриот патлиџан е одличен сојузник во боpбата против слободните радикали кои предизвикуваат pак.
Третира дигестивни проблеми
Се верува дека токму поради горчливиот вкус, патлиџанот благотворно делува на ублажување на грчеви во стомакот и слични дигестивни проблеми.
Го намалува холестеролот и е исклучително корисен за дијабетичарите
Модриот патлиџан има низок гликемиски индекс, што го прави многу поволна храна за дијабетичарите, додека хлорогената киселина, која има и антиоксидативно дејство, помага во намалување на нивото на лошиот холестерол.
Ја регулира и телесната тежина
Модриот патлиџан е зеленчук со мала содржина на јаглени хидрати, не содржи масти и има само 20 калории по парче. Богат е со влакна, кои придонесуваат за чувството на ситост.
Според некои истражувања, хлорогената киселина присутна во овошјето ефикасно придонесува за намалување на масните наслаги. Ова се предностите кои го прават одличен сојузник во борбата против вишокот килограми.
Еве како ќе знаете дали е зрел модриот патлиџан:
При изборот на модар патлиџан, обидете се да го стиснете – ако кожата се враќа на своето место, таа е зрела, но ако остане вдлабнување, значи дека не е. Се чува на температура од околу 10 степени.
Можете да го неутрализирате горчливиот вкус на модриот патлиџан со употреба на сол пред да го готвите. Модар патлиџан исечете го во саканата големина, посолете ги парчињата и оставете ги да отстојат 30 минути.
За повеќе корисни совети заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Умиpала“ од болки и не можела да стане од кревет, а оваа жена и дала лек од кој веќе следниот ден била подобро!“ – ОВДЕ.