Шербетни колачи од 3 состојки, меки како облачиња…Со вкус помеѓу кадаиф и кемалпаша…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се користи чаша од 250 мл)
За тесто:
1 чаша брашно
1 лажичка прашок за пециво
1 пакување од 200 г слатка павлака 30% мм
За шербет:
2 чаши шеќер
2,5 чаши вода
четвртина лимон
ПОСТАПКА:
1.Најпрво пригответе го шербетот за да има време да се олади. Во тенџере помешајте ги шеќерот и водата, додајте едно мало парче лимон и ставете на оган.
Откако ќе зоврие оставете да се вари на умерена температура 4-5 минути, потоа тргнете го настрана и оставете да се олади.
2.За приготвување на тестото постапката е исто така многу лесна. Помешајте ги течната павлака, брашното и прашокот за печиво додека да добиете компактно, меко тесто без грутчиња. Мешајте со лажица или шпатула.
3.Во помал сад сипете малку масло за да ги натопувате прстите, па со намастени дланки кинете мали парчиња од тестото и обликувајте топчиња малку поголеми од лешниците.
4.Топчињата редете на плех на соодветно растојание. Печете ги во претходно загреана рерна на 190 степени, 30-35 минути. Печените колачи боцнете ги со помош на чепкалка за полесно да го примат сирупот.
5.Потоа залијте ги со ладниот шербет, покријте ги и оставете ги да го впијат шербетот. По 1 – 2 часа отворете го капакот и доколку се суви од горната страна, превртете ги наопаку и оставете ги вака да отстојат уште 15-тина минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/NJzkyxBEj3E?si=GAj-nqylWdTfmpFm