Home шербетни колачи ШЕРБЕТЕН КОЛАЧ СО ОРЕВИ…Има вкус на баклава, се топи во уста…гриз, ореви,...

ШЕРБЕТЕН КОЛАЧ СО ОРЕВИ…Има вкус на баклава, се топи во уста…гриз, ореви, суво грозје…

ШЕРБЕТЕН КОЛАЧ СО ОРЕВИ…Има вкус на баклава, се топи во уста…гриз, ореви, суво грозје…Ова е еден од оние рецепти на нашите баби кои редовно го приготвуваа. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со мала шолјичка за кафе од приближно 80 мл):

2 јајца,
4 шолјички масло,
6 шолјички млеко,
3 шолјички гриз,
5 шолјички брашно,
1 прашок за печиво,
1 ванилин шеќер,
100 г мелени ореви,
100 г суво грозје.

ЗА ШЕРБЕТ:
900-1000 г шеќер,
1000 мл вода, лимон (сок или сечени тркалца).
И УШТЕ: 100 г ореви за наросување одозгора.

ПОСТАПКА:

1.Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот и ванилата додека да станат кремасти, па додајте ги маслото и млекото. Постепено додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво и на крај додајте го гризот, мелените ореви и сувото грозје.

2.Изедначената смеса оставете ја малку да отстои (10-тина минути) за да набабри гризот, па излејте ја во намастен плех 30х40 см и печете половина час во загреана рерна на 180-200 степени.

3.Шербетот варете го 15-30 минути на ниска температура и пред крај додајте му неколку капки лимонов сок.

4.Ладниот колач прелијте го со млак шербет, никако врел. Одозгора богато посипете мелени ореви и оставете добро да се олади 24 часа (за тоа време ќе го впие сиот шербет). Рецепт на Скопјанка.