ШЕРБЕТЕН КОЛАЧ СО ОРЕВИ…Има вкус на баклава, се топи во уста…гриз, ореви, суво грозје…Ова е еден од оние рецепти на нашите баби кои редовно го приготвуваа. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со мала шолјичка за кафе од приближно 80 мл):

2 јајца,
4 шолјички масло,
6 шолјички млеко,
3 шолјички гриз,
5 шолјички брашно,
1 прашок за печиво,
1 ванилин шеќер,
100 г мелени ореви,
100 г суво грозје.

ЗА ШЕРБЕТ:
900-1000 г шеќер,
1000 мл вода, лимон (сок или сечени тркалца).
И УШТЕ: 100 г ореви за наросување одозгора.

ПОСТАПКА:

1.Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот и ванилата додека да станат кремасти, па додајте ги маслото и млекото. Постепено додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво и на крај додајте го гризот, мелените ореви и сувото грозје.

2.Изедначената смеса оставете ја малку да отстои (10-тина минути) за да набабри гризот, па излејте ја во намастен плех 30х40 см и печете половина час во загреана рерна на 180-200 степени.

3.Шербетот варете го 15-30 минути на ниска температура и пред крај додајте му неколку капки лимонов сок.

4.Ладниот колач прелијте го со млак шербет, никако врел. Одозгора богато посипете мелени ореви и оставете добро да се олади 24 часа (за тоа време ќе го впие сиот шербет). Рецепт на Скопјанка.