Рецепт и видео прилог на Мои Домашни Рецепти – Шеќерпаре со едно јајце

Вкусни старински колачи за сите љубители на шербетните колачи – лесен и брз рецепт.

Потребни состојки:

1 јајце
100 мл масло
50 г шеќер во прав
50 г кокос
1 ванилин шеќер
250 г маргарин/путер + малку за премачкување
600 г брашно
5 г прашок за печиво ( ½ кесичка)

за сируп:

500 г шеќер
500 мл вода
и уште: кокос за наросување

Постапка:

Во подлабок сад ставете едно јајце, 100 мл масло, 50 г шеќер во прав, 50 г кокосово брашно и 1 кесичка ванилин шеќер. Убаво промешајте со маталка додека да се изедначат состојките.

Потоа додадете 250 г растопен и малку подизладен путер, па промешајте за да се соедини во смесата. Постепено додавајте 600 г просеано брашно и една лажичка прашок за печиво, па замесете со рака додека да добиете ровко тесто кое лесно се обликува.

Плех или огноотпорен сад намастете го со путер. Кинете топчиња од тестото и со остар нож засекувајте ги од едната страна во форма на зраци (погледни видео). Вака формираните колачиња редете ги во претходно приготвениот плех и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Оставете ги целосно да изладат.

Шербет: Во тенџере ставете 500 г шеќер и прелијте со 500 мл вода. Оставете да врие 5 минути колку да се растопи шеќерот и да се формира сирупот.

Ладните колачиња прелијте ги со врелиот сируп, со помош на кутлача. Оставете ги да изладат и да го впијат сирупот. Врз секое шеќер-паре ставете по едно лажиче кокос во средината и послужете. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: