Чоколадни снегулки што се топат во уста…
„Слатките задоволства се оние мали моменти што го разубавуваат денот.“ – Непознат автор
Овие чоколадни колачиња се вистинска магија за сетилата – крцкави однадвор, а неверојатно меки и сочни внатре, со богат вкус на темно чоколадо што се топи во устата.
Без путер, тие се лесни, но неодоливо вкусни, со суптилна нота на горчлив какао и сладост на ванила, пишува НМД.
Совршени за уживање со чаша кафе или за споделување со најблиските, овие колачиња ќе ве освојат уште на првиот залак! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 2 јајца
– 100 г шеќер
– 8 г ванилин шеќер
– 1 лажичка какао во прав
– 1 прстофат сол
– 80 мл масло
– 300 г брашно
– 1 лажичка прашок за печиво
– 180 г темно чоколадо
– НМД
Постапка:
Во длабок сад, изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека да добиете светла и пенеста смеса. Додајте прстофат сол за да го истакнете вкусот.
Полека вметајте го маслото мешајќи постојано со жицата за да се соедини со смесата.
Во посебен сад, измешајте го брашното и прашокот за печиво и просејте ги.
Потоа, постепено додавајте ги сувите состојки во влажната смеса, мешајќи со шпатула или лажица, а потоа и со рака додека да се формира меко тесто.
Тестото поделете го на два дела. Во едниот дел додајте го какаото и соединете го за да добиете кафеаво тесто.
Потоа двете теста обликувајте ги во топчиња и поделете ги на 4 дела. Обликувајте валјаци и наредете ги наизменично едно до друго, бело до црно. Сите заедно свиткајте ги во ролат.
Стиснете нежно со дланките за да се спојат и ролатот малку заролајте ги врз работната површина за да се зголеми во должина.
Исечете го на половина, па повторно двете половини спојте ги во еден ролат. Свиткајте го во хартија за печење и поставете го во плех.
Печете го во загреана рерна на 180°C околу 20-25 минути. Од печениот ролат отстранете ја хартијата и оставете да се олади.
Одозгора прелијте го со растопено чоколадо. Оставете целосно да се олади и стегне пред сечењето. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: