Фото и рецепт: Соња Миладиновиќ

Потребни состојки:

6 жолчки
8 лажици шеќер
8 лажици млеко
8 лажици масло
9 лажици брашно
1 парашок за печиво

за фил:

4 пудинг од јагода
1 литар вода
5 лажици шеќер

за шам:

6 белки
7 лажици шеќер

за сируп:

3 шолји шеќер
3 шолји вода

Постапка:

6 жолчки изматете ги пенасто со 8 лажици шеќер. Потоа додадете 8 лажици млеко, 8 лажици масло, 9 лажици брашно и еден прашок за печиво. Измешајте убаво, а смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех со средна величина, па испечете ја кората на 180 степени.

За фил: сварете 4 пудинзи од јагода во 1 литар вода со 5 лажици шеќер. Сварениот пудинг прелијте го преку печената кора и вратете во рерна, на 150 степени.

Изматете 6 белки со 7 лажици шеќер во цврст снег, па прелијте преку пудингот. Вратете во рерна да добие златна боја.

Кората се пече на 180 степени, а останатото на 150 степени.

Три шолји шеќер со три шолји вода ставете на оган малку да проврие и шеќерот да се стопи, па прелијте преку изладениот и исечен колач. Оставете го да излади па послужете.

Фото и рецепт: Соња Миладиновиќ