На ова јадење никој не може да му одолее. печурките можете да ги послужите како закуска, како гарнир на главното јадење, а доколку постите, печурките можат да го заменат и главното јадење. Освен што се полни со здрави протеини, тие се и многу вкусни. Ќе ви претставиме неколку начини за нивно приготвување:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 40-50 г путер/маргарин, 2-3 супени лажици маслиново или обично масло, 1 главица кромид ситно исечкана, 400 г исчистени шампињони печурки, 150 мл бело вино, малку ситно исечкана сува или свежа мајчина душичка, ситно сечкан свеж магдонос

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 (похувани шампињони) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г лебни трошки (презла), 100 г брашно, 150 мл млеко, 1 супена лажица лимонов сок, 200 г шампињони, масло и сол

рецепт 2

РЕЦЕПТ 4 (потпечени шампињони во рерна) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: што поголеми шампињони, сол, црн пипер, магдонос, лук, маслиново масло, малку путер или масло за премачкување на тепсијата

рецепт 3




ПОСТАПКА за рецепт 1: На многу тивок оган растопете го путерот заедно со маслиновото масло, па кога ќе се загрее додајте ситно сечкан кромид. пржете со често промешување додека кромидот да застакли и омекне.




Потоа додајте ги исчистените печурки. Динстајте ги на тивок оган со повремено протресување или внимателно промешување за да не се распаднат. Кога ќе добијат убава карамел боја, додајте го белото вино и повторно протресете или промешајте.




Додајте ситно сечкана мајчина душичка и свеж лист од магдонос, промешајте, па кога малку течноста ќе испари, додајте ситно сечкан лук (или протнат низ преса/изрендан), па посолете и запиперете по вкус. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: млекото сипете го во помала чинија, додајте лажица лимонов сок, па оставете да отстои 10-тина минути да се претвори во нешто како јогурт. Во лебните трошки додајте сол, сув магдонос, црн пипер или зачини по вкус.




По можност користете печурки со средна величина. исчистете ги, па валајте ги најпрво во брашно, а потоа во млекото, па во приготвените лебни трошки. Пржете ги во врело масло неколку минути или додека да заруменат. Следи постапката за третиот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 3: Печурките измијте ги, исчистете ги и исушете ги со хартиена салфетка (да не се влажни при нивното приготвување). Внимателно мијте ги да не впијат вода. Посолете ги и запиперете ги, па наредете ги во намастена тепсија или огноотпорен сад.




Испрскајте ги со малку маслиново масло и печете ги 30-тина минути во загреана рерна на 200 степени или додека да заруменат. Потоа извадете ги, зачинете ги со ситно сечкан лук и магдонос и уште малку маслиново масло. Се послужуваат топли или ладни. Постапката од првиот рецепт погледнете ја ОВДЕ.