Серотонинот е еден вид на хемиски “транспортер на пораки” или со други зборови – невротрансмитер кој учествува во бројни процеси во телото.

Во тие процеси спаѓаат добрата дигестија на храната и доброто расположение, но и редовниот сон, регулираниот апетит и позитивните емоции.

Кога во телото има доволно серотонин, ние сме расположени, се смееме и сакаме да се дружиме, а кога го има во мали количини, се чувствуваме нервозно и реагираме импулсивно. Тогаш сме склони на агресија, анксиозност и нерасположение. Се случува лошо да спиеме иако се чувствуваме хронично уморни.

Нивото на серотонин можеме да го зголемиме на природен начин. Наједноставниот начин е да се изложуваме на светлина. Истражувањата покажуваат дека нивото на серотонин паѓа во текот на зимата, а се зголемува во текот на летото. Ова се поклопува со утврдените сезонски депресии кои го загрозуваат менталното здравје во кратки, зимски денови.

Неопходно е секој ден да се изложувате барем 15-тина минути на сончева светлина, надвор. Тоа ќе поттикне создавање на драгоцениот витамин Д. Во текот на зимата, може да користите и силно домашно осветлување.

Физичката активност и масажата, исто така, имаат терапевтско дејство на создавање на серотонинот во организмот. Затоа, идеално би било, кога веќе сте излегле надвор, времето да посветите на трчање или на друга физичка активност. Секоја аеробна вежба е добра – пливање, возење ролерки или велосипед.

Конечно, нивото на серотонин во телото можете да го подигнете и со храна. Но, не директно! Во намирниците нема ваков невротрансмитер, тој се создава во нашиот организам. Затоа е потребен триптофан – амино киселина која во нашиот мозок се претвора во серотонин.

Најмногу триптофан ќе најдете во намирници богати со протеини, како што се пилешко или мисиркини, како и во рибата. За да ги надмине сите бариери кои природно го бранат мозокот, идеално би било кога трипрофанот ќе биде во комбинација со јаглени хидрати – барем 30 до 40 грамови во порција.

Триптофан има и во млекото и во јаткастите плодови, па за ужина би можеле да земете овесни снегулки прелиени со млеко и сечкани ореви. Добри извори на триптофан се и другите видови живинско месо, јајцата, соја и производи од соја. Од слатките идеално е чоколадото, а од семките: сусам, сончоглед и тиква. Па така, би можеле да направите сендвич со мисиркино месо или со печениот лосос да послужите интегрален леб.

Консумирајте спирулина, оваа алга има многу драгоцени состојки, вклучително и материјал за серотонин. Покрај сето тоа, додадете и пробиотици кои ќе помогнат триптофанот полесно да стигне до мозокот.

ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕТЕРА СО СЕРОТОНИН?

Да, може! Особено ако некој ризикува со суплементите и тоа без лекарски надзор. Серотонинскиот синдром може да биде многу опасен. На лицата кои веќе се на некоја терапија, не им се советува самоиницијативно истата да ја заменуваат со серотонин.