Home Десерти Сензационални плазма кокос коцки, направени за само неколку минути…БЕЗ МИКСЕР

Сензационални плазма кокос коцки, направени за само неколку минути…БЕЗ МИКСЕР

Сензационални плазма кокос коцки, направени за само неколку минути…БЕЗ МИКСЕР, БЕЗ рерна – за само неколку минути! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За основа:
300 г мелен бисквит (плазма)
200 г чоколадо за готвење
100 мл млеко

За фил:
700 мл млеко
100 г шеќер
120 г гриз
200 г кокосово брашно

За глазура:
100 г чоколадо за готвење
100 мл крем за згура
1 лажица масло

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере имешајте чоколадо и млеко, па растопете на пониска температура и мешајте додека сето да се соедини.

Веднаш сипете врз мелениот бисквит и промешајте. Смесата треба да биде како влажен песок. Распоредете ја во калап 30х20 см и натапкајте ја со лажица.

2.На ниска температура соединете млеко, шеќер и гриз, па варете со непрекинато мешање додека да згусне. Тргнете од оган, додајте го кокосот и мешајте со лажица за да се соедини. Распоредете го филот и израмнете.

3.Растопете ги состојките за глазура на многу ниска температура, па сипете ја врз колачот. Оставете да се олади во фрижидер пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.