Има разни рецепти за пица, како за тестото, така и за филот. Овој рецепт го обожавам затоа што пицата не само што е многу вкусна, туку и многу брзо и лесно се приготвува, па дури и оние што велат дека не се спретни со тесто – со леснотија ќе го направат и ќе ја испечат пицата. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 240 г брашно, 1 мала лажичка сол, 1 мала лажичка сув квасец (5 г), 1 чаша вода (200 мл), 1 супена лажица маслиново масло (5 мл).

ЗА ФИЛ: 300 г пилешко бело месо, 60 г густ јогурт или кисела павлака, 1 лажичка буковец-црвен пипер, 1 лажичка нане, 1 лажичка сол, 1 лажичка чили во прав, 1 лажичка кари, 1 лажица маслиново масло, 1/2 лимон, 3 лажици маслиново масло, 1 пиперка. За одозгора: кечам, магдонос, 150 г кашкавал (чедар), мајонез




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете го брашното, додајте сол и квасец и промешајте. Потоа додајте млака вода и промешајте со лажица и шпатула додека да се впие течноста. Кога че почне да се формира тестото додајте една лажица масло, па замесете со рака.

Кога малото тесто ќе стане компактно, оставете го во садот, покријте го со проѕирна стреч фолија и оста вете го да одмори 15-20 минути. За тоа време пригответе го филот со пилешко месо. Секако, можете да ја филувате пицата со што сакате по вкус, но пробајте го и овој предлог, гарантирано ќе ви се допадне.




Месото исечкјате го на ситни коцки со големина на залак или поситно. Ставете го во еден подлабок сад, а потоа додајте ги сите наведени состојки: јогуртот/павлаката и зачините, па добро промешајте за да се распоредат рамномерно. Оставете го покриено 15 минути во фрижидер за да ги впие сите вкусови.




За тоа време истресете го тестото на малку набрашнета работна површина и поделете го на два дела. Од секој дел обликувајте топче, а потоа со оклагија развлечете две тенки кори со големина на пица.




Нелеплива сува тава ставете да се загрева на умерена температура, па ставете ја едната кора. Кога ќе забележите дека почнуваат да се појавуваат меури, превртете ја, иако не е испечена, туку сосем малку фатила боичка. Со раката малку вртете ја во тавата за да се испече рамномерно од другата страна. Кога ќе се надуе, превртете ја.




Печете ја неколку минути од двете страни додека убаво да зарумени (како палачинка), а потоа на ист начин испечете ја и втортата кора. Испечените кори ставете ги една врз друга и покријте ги со крпа.




Во истата тава додека е загреана запржете го пилешкото месо на малку масло (3 лажици). Гответе го неколку минути со повремено промешување, па додајте една пиперка исечкана на коцки. Динстајте уште малку додека сè да омекне и да испари течноста.




РЕДЕЊЕ: Ставете една испечена кора, одозгора премачкјате ја со кечап, па нанесете го филот. Распоредете рамномерно, наросете ситно сечкан магдонос и рендан кашкавал. Поклопете со втората кора, наросете магдонос и остатокот од ренданиот кашкавал.




Ставете кечап и мајонез (колку сакате) и ставете го сендвичот во загреана рерна на 200 степени да се потпече 15 минути. За тоа време кашкавалот ќе се растопи и сендвичот ќе стане компактен. Потоа сечете и послужете.