СЕМИФРЕДО СЛАДОЛЕД ОД 3 СОСТОЈКИ…Вкусен десерт со вкус на кафе за 5 минути…Еве што ви е потребно за овој брз колач:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 лажици инстант кафе + 20 мл млеко
3 лажици кондензирано млеко
400 мл слатка павлака
ПОСТАПКА:
1.Кафето растворете го во млекото, па додајте кондензирано млеко и добро промешајте.
2.Слатката павлака изматете ја со мистер и кога ќе почне да згуснува додајте ја смесата со кафе. Миксајте додека сето да се изедначи.
3.Добиениот крем сипете го соодветен калап (ако не е силиконски обложете го со проѕирна фолија). Израмнете, покријте со фолија и оставете во замрзнувач 3 часа.
4.Пред послужување декорирајте со карамелен сируп и чоколадни трошки. Постапката погледнете ја ОВДЕ.