Копривата е на врвот од лековитите самоники билки кои многумина ги сметаат за плевел. Семето на копривата пак, е уште полековито од самата билка, па затоа најчесто се користи во приготвување на различни лековити препарати.
Семето од коприва содржи витамини Ц, Б, Д, Е и К, железо, калиум, калциум, магнезиум, цинк, манган, бакар. Може да се купи од Билна аптека или продавници за здрава храна, а можете и сами да го соберете и да го исушите. Семето се собира во август.
СЕМЕТО ОД КОПРИВА КАКО ЛЕК:
За јакнење на имунитетот; лекување на анемија и недостиг на железо; лекување на уринарни инфекции; лекување на настинки и против алергиски реакции; има диуретично дество и поттикнува исфрлање на вишок вода од организмот, а се користи и против ноќно мокрење.
Делува благотворно на ендокриниот систем (штитна жлезда); ги јакне забите и коските; лекува кашлица; лекува жолтица; го чисти црниот дроб и кр-вта; лекува ревма и артритис; заболена простата и смирување на астма и воспаление на бели дробови.
СЕМЕ ОД КОПРИВА И МЕД
Оваа комбинација претставува врвен народен лек за многу болести, кои повеќето ги наведовме погоре. Семето од копривата има антибактериско и антивирусно дејство, како и медот – кој е еден од природните антибиотици. Лековитоста и благодетите на медот се веќе одамна познати.
Покрај својата лековитост, медот е извонреден природен конзерванс, па токму поради таа своја способност се користи за приготвување на различни препарати во комбинација со некоја друга супстанција, за да се продолжи и да се сочува дејството во текот на подолг временски период.
Семето од копривата и медот најчесто се користат против анемија, за лекување на ноќно мокрење кај деца, за јакнење на штитната жлезда, но и за јакнење на имунитетот.
РЕЦЕПТ ЗА СЕМЕ ОД КОПРИВА И МЕД:
Семето од коприва се користи во мелен облик. Па така, доколку го купувате од продавница каде имаат и мелница, побарајте веднаш да ви го сомелат или тоа вие самите направете го дома.
Потребни состојки: 100 г мелено семе од коприва и 500 г квалитетен мед
Постапка: постепено со додавање на помали количини од семето и медот, измешајте ги двете состојки, а потоа складирајте ги во стаклена тегла која ќе ја чувате во фрижидер. Во оваа смеса по желба може да додадете и мелено ленено семе, мелени бадеми или ореви. Употреба: секое утро по една супена лажица на празен стомак.
ЗА АНЕМИЈА
Анемијата е заболување кое настанува поради дефицит на железо во организмот. Семето од коприва е богато со витамини и минерали како и други хранливи супстанции кои се природен лек за анемија. Покрај железото, содржи дури и фолна киселина и доволно витамин Ц, потребни за активација и апсорбирање на овој минерал.
Анемијата воопшто не смее да се игнорира и мора да се лекува навремено, бидејќи од неа може да произлезат други, потешки болести.
Семето од коприва помага кај овие девет здравствени проблеми: зајакнување на имунитетот; лекување на анемија; уринарни инфекции; регулирање на нивото на холестерол; зајакнување на забите и коските; чистење на црниот дроб и кр-вта; ревматски тегоби и артритис; подобрување на работата на ендокриниот систем; подигнување на ли.бидото