Чиа семето содржи омега масти, протеини, антиоксиданти и диетални влакна. Има блага арома на ореви, а бидејќи впиваат течност, идеално е за хидратација и чувство на ситост кој трае со часови!
Маите и Инките со голема почит се однесувале кон ова ситно но хранливо семе. Всушност Чиа е збор кој потекнува од Маите и значи „снага“. Ќе најдете многу моќ и сила во чиа семето, кое содржи грст хранливи материи.
Чиа семето е одличен извор на здрави есенцијални масни киселини – содржи осумпати повеќе омега – 3 масни киселини од лососот. Чиа семето содржи и Омега 6 масни киселини, антиоксиданти (само еден грам чиа семе е побогат со антиоксиданти дури 4 пати повеќе од свежи боровинки) и протеини кои и те како се важни за нашето здравје.
Студиите покажале дека консумирањето на чиа семето исто така делува и врз здравјето на косата и ноктите, бидејќи тоа е голем извор на протеини (20%).
Чиа семето е исто така извор на најлесно сварливите билни протеини, одличен извор на диетални влакна, богати со витамини, минерали, аминокиселини и антиоксиданти. Чиа семето е одлично за регенерација на кожата, но и за согорување на масти, го јакне организмот и позитивно влијае врз органите за варење.
Нутриционистите се сложуваат дека чиа семето е едно од најдобрите кои можете да ги консумирате доколку се чувствувате слабо, без енергија, бидејќи влијаат врз работата на мускулите и ослободуваат енергија во телото, па затоа често го користат спортисти. Ова семе содржи и 37% прехрамбени влакна кои ја поттикнуваат работата на цревата.
Диетата, односно стриктна исхрана базирана на ова семе се опокажала како одлична во лекувањето на рак на дебело црево, како и за превенција од рак.
Чиата има супериорна способност за хидратација, а содржи протеини и влакна кои ве држи сити со часови. На тој начин се намалува апетитот, се забрзува работата на метаболизмот и се активира гликогенот кој е многу важен за согорување на мастите.
КАКО СЕ КОРИСТИ?
Семето обично може да се приготви за појадок, да се додаде во ручекот или ужината. Во салатите се додава за да го зголеми вкупниот внес на белковините. Во житариците како што е интегрален ориз, квиноа, амарант или просо, на крајот од готвењето само додадете го чиа семето и добро промешајте. Може да се додава во супи, во мелено месо, па дури и да се користи наместо лебни трошко кога се похува риба или пилешко.
За десерт пудинг од чиа семе
Измешајте чиа семе со кокосово или бадемово млеко па додадете нешто од понуденото: сув кокос, боровинки, ореви, малини, мелен бадем, какао, рендано јаболко, брусница…
Направете сопствен избор по вкус кој заедно со смесата ќе оставите да отстои во фрижидер 10 минути.