Вистински освежителен колач на кој му нема рамен. Секојпат кога кога одам во слаткарница и ќе изедам едно парче трилече, после ми е срам да земам уште едно….
…Ете толку го сакам овој колач што почнав дома си го правам за да уживам во него колку што сакам. Еве еден преубав рецепт кој лесно се прави, а уште полесно ќе испари…
Потребни состојки: 6 јајца, 250 г шеќер, 300 г брашно, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер. За прелив: 1 литар полномасно млеко, 750 мл слатка павлака (хопла), 250 мл соино млеко. За карамел: 4 лажици шеќер и 50 мл млеко
Постапка: јајцата и шеќерот изматете ги доволно долго додека шеќерот целосно да се растопи, а јајцата да се згуснат и побелат.
Уште поубаво излегува доколку ги разделите белките, па посебно од нив да изматите снег со шеќерот и ванилата, а потоа една по една да ги додајте жолчките додека сè уште матите со миксерот. На вам останува како ви е полесно така да го направите.
Во убаво изматените јајца со шеќер додајте просеано брашно со прашок за печиво. Веќе не матите со миксер, туку внимателно со лажица или шпатула го превртувате кремот додека убаво да се изедначи.
Смесата излејте ја во плех со средна величина, претходно намастен и малку наросен со брашно (или обложен со хартија), па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути.
Кога бисквитот е испечен истресете го наопаку, отстранете ја хартијата ако сте го печеле со хартија и оставете малку да подизлади. Во меѓувреме, во поголем сад измешајте ги сите три вида млеко.
Треба да бидат ладни, а не топли! Истурете половина млеко во истиот плех во кој се печеше бисквитот, па вратете го внатре и врз него прелијте го со втората половина од млекото.
Некаде за половина час или повеќе ќе го впие млекото, но не целото, секогаш останува малку млеко на дното и во тоа се состои сочноста на овој колач. За карамел: загрејте го шеќерот во суво тенџерче додека да се растопи и карамелизира.
Потоа додајте го млекото и варете додека да згусне. Доколку сакате може да користите и готов купечки карамел. Премачкајте го одозгора колачот, изедете половина плах…хахаха…и тоа е тоа!
Coolinarika.com